
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
По Повод 7 мај, Денот на полицијата претставници на СВР Битола ги посетија дечињата од детските градинки „Мајски цвет“ и „Коца Василева“ во Битола. Средбата се одржа на отворено во дворот на градинките со почитување на сите мерки за заштита од ковид-19. Дечињата имаа можност да слушнат за предизвикот што значи да се биде полицаец, како и да се запознаат со полициските возила мотор и полициско комбе. Дечињата пак подготвија изложба со цртежи посеветенини работата на полицијата.




Се зголемува интересот за вакцинација. Како што утрово објави министерот за здравство, Венко Филипче, само во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 12 606 граѓани од кои 10 135 прва доза а останатите ревакцина.
