
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со Младинскиот Културен Центар (МКЦ) од Битола, денеска организираа Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси. На Инфо денот граѓаните беа информирани за мандатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), којашто согласно со надлежностите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси. Нури Бајрами, член на ДКСК беше одговараше на прашања на граѓаните во врска со постапката за пријавување на корупција или судир на интереси.
Ова ќе биде второ издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ што ќе се одржи во вонредни услови поради пандемијата со ковид-19, без младите ликовни творци од целиот свет кои секој мај доаѓаа во Битола да ја цртаат градската архитектура. Јубилејното 40- издание на детскиот ликовен фестивал ќе се одржи од 23 до 30 мај во Битола под раководство на Елена Хаџи Антонова, ќерка на идејниот творец на колонијата и детското ликовно студио во Битола, Коста Хаџи Антоновски кој почина пред повеќе од два месеца.
„Свечено отворање со пригодна програма и огномет ќе се одржи на 23 мај во Старата битолска чаршија, пред платото на Малиот битолски Монмартртр, ќе им се доделат јубилејни награди на пријатели и соработници. Даѓаат претставници od добитникот на Гран- при ‘Школа 1955’ од Москва да ја примат лично наградата, ќе имаме и гости од Србија кои ќе дојдат да примат награди, наши соработници, почитувачи“, рече Хаџи Антонова.
Нa 24 Мај, патрониот празник на Детското ликовно студио од Битола ќе има изложби на отворено низ целиот град. Гардскиот парк кај Саат Кулата ќе биде распослан со штафелаии и цртежи, а на плоштадот Магнолија ќе има големо платно на кое секој граѓанин ќе може да нацрта нешто. Годинава ги нема децата од цел свет да дојдат, но ќе се вклучат граѓаните да нацртаат по нешто на платното.
На свеченото затворање ќе се вклучат децата од градинките и основните училишта во Битола и во еко паркот ќе имаат ликовен час, тие ќе цртаат за „Малиот битолски Монмартр’’.
Општина Битола финансиски и организациски ја поддржа колонија, а и Министерството за култура обезбеди по 95 000 денари за неа и 39- Светска изложба.
-
Советниците од мнозинството ги изгласаа завршните сметки на основните и средните училиша, кои за првпат по речси една деценија, се со позитивно салдо, без долгови и без блокирани сметки. Ваквата сосотојба во изминатиот период беше санирана со 4,4 милиони евра, наменети за долговите во битолското образование. Но, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата, ниту пак даде поддршка за завршните сметки.
За првпат по подолго време опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата на денешната 74 седница на Советото на Општина Битола. Ниту еден советник од опозициската партија не се јави за збор по точките на дневниот ред.
Поврзаноста на генијалниот руски писател Достоевски со тајниот круг на Петрашевски, кои во Русија беа прво осудени на смрт, па потоа помиловани и испратени во Сибир е накратко приказната која ги инспирира битолските театрџии да ја подготват новата премиера „Молитва по Достоевски“.
Претставата е колаж од делови од дела на Достоевски кои на сцена ќе ги донесат актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска, испреплетен со музички преработка на делата на Висоцки и Окуџава во изведба на познатиот битолски бенд „Фолтин“. Идеен творец на претставата е Валентин Светозарев, а ќе биде премиерно прикажана овој петок, на 21 мај со почеток во 20 часот на сцената на Народниот театар во Битола, но поради ковид протоколите со ограничен број на публика.
„Главна цел ни беше енергијата на сцена, но сепак имаме приказна и таа е многу едноставна. На 23 години Достоевски го напишал својот прв роман „Бедни луѓе “ и станал новиот Гогољ. Но, го интересирале и политички случувања и се зачленил во едно политичко-интелектуално друштво. Некој го издал движењето и 23 членови Петрашевци биле осудени на смрт со стрелање. Тука почнува и нашата претстава на денот кога треба да бидат стрелани се помилувани со прогонство во Сибир. Во нашата приказна тие сите се на едно место Катарга, поминуваат 5 години и му дозволуваат да направат еден концерт. Она што вие ќе го гледате е тој концерт“, рече Светозарев.
Со новата премиера публиката ќе се врати во Тетатарот во Битола по пауза од три месеци.
„Со пандемијата сигурно дека се изгуби континуитетот и кондицијата. Но, кога ќе завршиме со премиерата ќе почнеме да ги враќаме и претходните претстави, Ќе се доработат одложените премиери, а секако и претставите кои е одиграа еднаш или само неколу пати. Се повеќе луѓе од ансамблот ќе се вакцинираат и се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со понормално темпо“, реќе Иван Јерќиќ, директор на Народен театар Битола.
Со претставата Театарот се вклучува кон одбележувањето на 200 години од раѓањето на Достоевски. Престатавата ја подготвија со сопствени средства.
