
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се манифестираат и со обилни крварења или со акутно воспаление на панкреасот.
Цветната штафета во Битола пристигна и во ООУ,,Елпида Караманди, Битола во соработка со ЈОУДГ,,Мајски Цвет,, Битола. Почнувајќи од 21 јануари со почетокот на второто полугодие започна патот на Цветната штафета на кандидатот за Нобелова награда, Живко Поповски Цветин. Имено, штафетата започна да се движи од ООУ ,, Живко Брајковски” во општина Бутел Скопје. Својот обединувачки и мироносен пат го продолжи на 4 март кон битолското село Оптичари. Продолжи кон Бистрица, ООУ,, Крсте Петков Мисирков“ каде беа подарени 50 цветни картици. Така, на 8 Март активностите продолжија во ООУ,,Елпида Караманди во соработка со ЈОУДГ,,Мајски Цвет,, - Битола, каде се презентираа активности на првооделенците и малата група од градинката со пригодни песнички и рецитирање на стихотворби по повод Меѓународниот ден на жената. Цвеќето ги обедини во пораката за мир, добро здравје, благосостојба и храна за сите деца во светот.
Цветин подари над 80 цветни картици кои беа поделени на првооделенците и малата група од градинката како и цветни слики за градинката и училиштето. Со тоа придонесе за значењето на Денот на жената. Цветот и детето се симбол на невиност, хармонија и чистота. Цвеќето со својата симболика ги пренесува емоциите на срцето и се користи за испраќање пораки. Порака е испратена со симболиката на моќниот број седум. Седум балони кои ќе ја пренесат пораката на седумте континенти...


Во два наврата битолската Противпожарна единица вечерва гаснеше дива депонија на населбата Баир, за која постојат индиции дека некој ја потпалува.
Како што за Апла.мк соопшти комадирот Горан Димкоски депонија се наоѓа на крајот од улица Дебарска под мостот. Првиот пожар бил пријавен во 18 часот, а пожарникарите само што го изгаснале и се вратиле назад, повторно добиле дојава дека гори на истото место, по што екипата повторно се упатила таму. Интервенцијата е отежната зашто до местото каде што се наоѓа депонијата нема асфалтен пат. Димскоски вели дека нема опасност по околните куќи и дека пожарот ќе биде ставен под контрола.
Инаку, според битолчани кои живеааат на Бајрот скоро секој ден се случува да се пали сметот во годниот дел каде што е дивата населба, се палат гуми, кабли, па дури и ѓубре зад оградата што е подигната на патот.
Изминатиов период во Битола група ентузијасти од Здружението „Калидус“ снимија четири едукативни и забавни видеа на тема „Медиумската писменост на социјалните мрежи“.
Оваа современа тема во сценаријата е обработена низ забавно- хумористична нишка, но со акцент на сериозноста од опасностите кои демнат на секој чекор во виртуелниот свет.
Здружението на пензионери Битола им го честита 8 Mарт - Меѓународниот ден на жената, на сите членки-пензионерки од општините Битола, Новаци и Могила, одавајќи почит и признание на вековната борба на жената за економска, политичка и социјална рамноправност.
Нови 11 заболени од КОВИД-19 се регистрирани денес во Битола, активни се 219 случаи, а во битолската Болницата се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
