
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипите на ЈКП "Водовод" Битола го санираа дефектот на улица „Север- југ“ и водоснабдувањето се нормализира. Тие од раните раните утрински часови на температури под нулата работеа на отстранување на дефектот на профил на цевка F150, на ул "Север- југ " кој се случи синоќа во 23.50 часот. Без водоснабдување беа дел од станбените објекти на ул."Север-југ" и ул."Нико Фундали". Дефектот е остранет и водата е пуштена за употреба.
Снимката од реката Драгор полна со вода е направена на 11 јануари годинава, а ни ја испратија од DE Ackern. Реката беше надојдена од брзото топење на снегот на Пелистер кој до полноводие ги доведе притоките на Драгор и обилните врнежи. Останува да се види како врз водостојот ќе влијае топњето на снегот кој наврна деновиве.
Да ѝ се даде шанса за живот на независната културна сцена од внатрешноста во државата, апелираше преку пост и видео обраќање на социјалните мрежи сопственичката на Интимен Театар Софија Ристевска- Петрушевска до Министерството за култура. Постот напиша дека е мотивиран од страв додека културните работници чекаат Министерството за култура да ги објави резултатите кои проекти ќе добијат финансиска поддршка од државата за годинава.