
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 58-годишна возраст почина битолчанецот Вања Ѓоргиевски -Американецо, познат како менаџер за филмски локации во Битолско и поширокиот регион.
Тој беше логистика во Битола за повеќе филмови и серии што се снимаа во изминатиот период. Последен проект во кој учествуваше како менаџер за локации му беше ,,Сирена во Париз" со Роси де Палма како главен лик, што се снимаше во Битолската болница. Ѓоргиевски исто така, соработуваше и со филмаџии од турските серии кои се снимаа во Битола, меѓу кои и познатата ,,Збогум Румелија", беше дел и од логистичката екипа на ,,Трето полувреме" во однос на одредени локации на кои се снимаше во Битола.
Расказот „Идат денови“ на битолската писателка Светлана Папачек, кој ја доби втората награда на конкурсот за краток расказ „Раскажувам фотографија“ на Фондот на Холокаустот во основа има вистинска животна приказна од периодот на депортацијата на Евреите во Битола. Само што авторката до некаде ја изменила сакајќи да не ја наруши приватноста на одредени лица од градот.
Голем дефект на главната водоводна цевка во населебите Карпош и Кланица, остави дел од жителите без вода. Од Водовод инфомрираат дека нивните екипи веќе два часа работат на отстранување на дефкетот и се очекува за половина час да се нормализира водснабдувањето.
Рестораните и угостителските објекти од 21 јануари ќе работат до 21 часот, по што ќе бидат затворени за посетители. Нема да работат и оние делови за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици. Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време до 18 часот.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна постапка за ажурирање на членството и регистрација на секој член. Постапката, според утврдена процедура ќе се спроведува до 25 февруари. Во овој период претставници на сите месни одбори на партијата, ќе го контактираат секој наш член, соопшти Невена Димовска, портпарол на СДСМ во Битола.
„Секако, добредојдени во партиските простории, секој работен ден претпладне и попладне, се и сите граѓани кои сакаат да бидат дел од СДСМ и да се зачленат во владеачката партија. Овој современ процес ќе биде заокружен со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Тоа е уште еден пионерски чекор на СДСМ во политичкото живеење во земјава, чекор со кој партијата уште повеќе се демократизира и модернизира со единствена цел – подобро да им служиме на граѓаните.
Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кој го прави СДСМ и треба да биде крунисан со непосредниот избор на партиски претседател. Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди. Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас“, рече Димовска.