
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изложбата на фотографии печатени во сито техника „Споменици на Револуцијата“ на германскиот уметник Марко Кројач, беше отворена вечерва во битолската „Магаза“ во организација на Завод и музеј-Битола и Сојузот на борци ОО-Битола.
Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола од фирмата „Жито Лукс“.
Враќање на маалските полицајци, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при неговата посета на општина Битола, каде се сретна со градоначалничката Наташа Петровска. Истот така, министерот оствари средба и со началникот на СВР Битол и неговите соработници.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата Битола е нормализиран за сообраќај.
– На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи, за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот, соопшти ЈП „Македонија пат“.