
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пионери со црвени марами и сини титовки, денеска ги служеа гостите во кафе барот Буре на плоштадот Магнолија, а пред влезот се вееше знаме со петокрака. Кафулето со овие југословенски симболи, ги потсети битолчани дека на денешен ден, 25 Мај, во Титова Југославија се славеше Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито.
Најстарата противпожарна единица на Балканот, битолската, одбележа 182 години од своето постоење. На свеченоста присуствуваа делегација од Конзулатот на Република Бугарија во Битола, претставници на МВР, на Црвениот крст, советници од општинскиот Совет, а заменик градоначалничката Емилија Костурски, честитајќи го Денот на пожарникарите, најави зајакнување на капацитетот на ТППЕ.
Празни шишиња од пиво, пластични чаши оставени пред дуќаните во комплексот Пелагонка 2, остатоци од храна и други отпадоци расфрлани низ комплексот Стара болница, е редовна глетка за викендите.
Македонија во наредните две години се подготвува да го реализира проектот за гасификација, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при посетата на Битола.
Со набавка на опрема во вредност од над 4 милиони денари, ќе се јакне капацитетот на противпожарните единици во Пелагонискиот регион. По иницијатива на градоначалниците, средствата се обезбедени во рамките на проектот што го финансира Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Договорот за реализација ќе биде потпишан до крајот на мај.