
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во интерес на битолските граѓани, дуќанџиите и пазарџиите , новата општинска власт го откажа панаѓурот кој за овој викенд беше најавен спроти кружниот тек кај Дулие. Ова денеска го соопшти претседателот на Совет, Валентин Груевски.
- Ние зборувавме во минатите години дека ќе се обидеме тие работи да ги спречиме и со посебна заложба овие денови на градоначалничката на Општина Битола, со известување на сите надлежни институции во државата панаѓурот за овој викенд го спречивме. Панаѓур нема да има, секогаш ќе се однесуваме така кога ќе треба да ги заштитиме интересите на битолчани на дуќанџиите и на пазарџиите од она што беше проблем во изминатите години, рече Груевски.
Битолските дуќанџии со години забележуваа на организирањето на панаѓури од трговци од Шутка, со образложение дека тоа е нелојална конкуренција за нив и притоа се отвораа многу дилеми околу легалноста на панаѓурите.
Веднаш по назначувањето на нови членови на управните и надзорните одбори во локалните јавни претпријатија, локалните институции и училиштата ќе се назначат и нови директори кои во најголем дел ќе бидат вршители на должност, вели пратеникот Васко Ковачевски, локален лидер на СДСМ во Битола.
Битолската полиција преку соопштение до медиумите им се заблагодари на граѓаните за разбирањето за денешниот посебен режим на сообраќај при посетата на албанскиот Претседател на Битола.
Чест ми е како претседател на Република Албанија да го посетам градот Битола, Манастир на албански јазик. Го изразувам моето задоволство што се наоѓам на ова свето место за Албанците, каде што нашите најумни и најхрабри патриоти пред 109 години го направија унифицирањето на албанската азбука. Битолскиот Конгрес е исклучително важен настан, бидејќи ја забрза процедурата за следниот голем настан, независноста на Албанија.
Сакам да искажам благодарност до властите на Р. Македонија и на локално и на централно ниво, за грижата што ја покажуваат за овој објект и за сите нивни планови за реставрација, надградба и збогатување на објектот. Ние ќе бидеме во комуникација за да го дадеме нашиот придонес.
Јас се надевам дека сме во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија,
Со средстава од ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола. Според Бурим Керими, советник од ДУИ во Советот на Општина Битола,објектот ќе се реконструра во надворешниот дел, фасадата, но и внатрешноста на објектот. Средствата за оваа намена се движат околу 300 000 евра.