АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сум имала прилика во мојот живот да се радувам на освоен медал, знам што значи радоста кога ќе ви го стават медалот на градите, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери. Тоа, на прес конференцијата го потврди покажувајќи го личниот медал што го добила на државно првенство во пинг –понг.
За мене ДПМНЕ е веќе историја, а ВМРО е нешто друго и мислам дека математиките пред изборите не им одат како што очекуваа, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.
-Јас повеќе сум вконцентрирана на проектите што ги нудиме и нашето претставување пред граѓаните. Од наша страна кампањата ја тераме исклучително коректно, тоа можат да го видат граѓаните, флаерите на мојот противкандитат не се искинати , а не сме имале никаков вбербален напад врз нивните личности до сега- рече Петровска.
По повод Денот на стари лица, Петровска и кандидатите за советници ги посетија двата дома за стари и изнемоштени со цел да согледаат во какви услови ги минуваат старечките денови од животот и што во иднина треба да се подобри.
-Дефинитивно потребно е да се направи повеќе и како идна локална самоуправа ќе направиме зголемување на капацитетите за згрижување на старите лица, стимулирање на сите приватни лица кои се заинтересирани да ги зголемат тие капацитети, меѓудругото и како форма на јавно –приватно партнерство. Понатаму, вработување на нови ,стручни лица кои им се потребни на овие институции, активирање на млади лица по пат на волонтерство кои би помагале во домовите. Преку волонтери ќе се овозможи набавка на основните намирници од храна и лекови за наши постари граѓани кои не се сместени во домови- изјави Петровска.
Таа уште вети дека во месните заедници ќе создадат катчиња каде граѓаните во повозрасни години ќе можат да се дружат и да ги споделуваат своите проблеми.
Нема ништо поважно од нашите деца, внуци, од нашата младина. Како локална самоуправа предводена од СДСМ и коалиционите партнери, во иднина мора да го дадеме својот максимум младоста да ни остане во Битола, вети Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ.
Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, неколку години назад не собра храброст да се појави пред Советот на Општина Битола и да даде отчет пред советниците, како се трошат парите на битотолчани. Во исто време советниците од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ги аминуваше сите буџети и одлуки на Талески.