Не треба регистер за злосторници за да знаеме кој е Михајлов, туку да се прочита манифестот на АСНОМ – Порака од свечената академија на борците во Битола

Септември 13, 2022

Не треба регистер за злосторници туку некој да го прочита Манифестот на АСНОМ каде Ванчо Михајлов, чие име денес го носи неофашистичкиот наводно културен клуб во Битола, јасно е назначен како крволог, рече Стефан Бошков претседателот на Сојузот на борци од Битола на свечената академија по повод 75-годишнината од основањето на овој Сојуз, како и 80 години од формирање на партизански одреди и загинување на битолските партизани.

 

„Чудно како Министерството за правда и Централниот регистар не знаат кој бил Ванчо Михајлов, каква идеологија имал и спроведувал и каква цел има бугарскиот неофашистички клуб ? Дали треба регистер за злосторници или некој треба да го прочита само манифестот на АСНОМ? Таму Михајлов јасно е назначен како крволог. Манифестот на АСНОМ има исто значење за нас како Декларацијата за независност на САД. Е дали некој ќе се дрзне во Америка да не ја почитува таа декларација. Малку беше Ванчо, па сега и Борис Трети, можеби следува генерал Маринов“, рече Бошков пред присутните на академијата.

 

Бугарскиот неофашизам за 30 сребреници или евра по глава, како што рече тој, создава нова нација – граѓани со бугарска самосвест, не по раѓање, а за пусти пари тие ќе се множат. А потоа нaправи споредба со минатото потенцирајќи дека уште во 1941 година битолчани растурајќи летоци се спротивставиле на обидите да се направи бугарска прослава на Илинден.

„Во 1941 и 1942 година битолските патриоти го оневозможија бугаризирањето на Илинден, значи само откако 39 години минаа, како што пишува Мите Богоевски, а пак 120 години по големиот Илинден, парадоксално, станува дел од заедничката историја и заеднички се прославува. Чудно како се извртува вистината “, изјави претседателот на Сојузот на борци од Битола нагласувајќи дека ќе реагираат секогаш кога ќе се загрозуваат придобивките од НОБ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани