АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Санирано е свлечиштето над зафат Г-0, поврзан е Главниот канал за вода и поврзан е цевководот за РЕК Битола, информираат од ЈП „Стрежево“ Битола .
-Приоритетот кој беше даден во Август 2017 е остварен. По една година се санира свлечиштето над село Драгарино, поврзана е новата зафатна градба на Главниот доводен канал и поврзан е цевководот за РЕК Битола. Се испорачува технолошка вода со максимален проток до сите водокорисници на ЈП „Стрежево“,информира Менде Граматковски директор на ЈП„Стрежево“.
Големо свлечиште се појави во февруари 2015 година, и сериозно го оштети главниот канал за довод на вода и цевководот од кој со технолошка вода се снабдуваат РЕК Битола и индустриската зона. Станува збор за дел на системот кој е од стратешко значење, па затоа беше потребно ангажирање на сите стручни служби од претпријатието и експерти од Градежниот факултет во Скопје.