2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Трансформаторот за третиот блок на РЕК Битола кој се изработува во фабрика во близина на Анкара во Турција е готов, технички е испитан и е подготвен за транспорт, истакна денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Тој нагласи дека трансформаторот со вкупна тежина од над 240 тони треба да се донесе до термоелектраната со специјален патен транспорт со композиција долга околу 54 метри за што се потребни специјални дозволи од Турција, Грција и од нашата земја.

Од компанијата која го испорачува трансформаторот имаме информација дека се чека уште да се комплетира и подготви специјалната документација од Грција за да може тргне транспортот. Транспортот ќе трае од 10 до 12 дена и се очекува трансформаторот да пристигне во РЕК Битола околу 15 ноември што е 15 дена повеќе од она што го планиравме, но е согласно со рокот за испорака кој е до 15 ноември, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што истакна, согласно планот за производство се предвидува од 15 ноември да биде вклучен во работа третиот блок во РЕК Битола, а вториот блок да биде во ремонт во траење од 20 дена.

Ние тоа ќе го направиме во моментот кога ќе биде пристигнат трансформаторот и ќе биде приклучен на системот со што блокот 3 ќе биде вклучен да испорачува електрична енергија на мрежа, а блокот 2 ќе биде исклучен за да се завршат ремонтните активност за да можат сите три блокови да бидат подготвени за грејната сезона, рече Ковачевски.

Посочи дека ЕСМ со капацитетите кои се сега вклучени во мрежата – блока 2 и блок 1 во РЕК Битола, термоелектраната Осломеј и хидропотенцијалот во целост ги задоволува потребите на ЕВН хоум, на ЕВН дистрибуција и на МЕПСО, како и на договорните органи кон кои испорачува енергија по препорака на Владата, односно здравствените и јавните институции и сите за кои се планира во наредниот период да бидат снабдувани од ЕСМ.

Во прилог ни одат поволните временски услови заради кои конзумот во овој период од годината е намален за 15 проценти на дневна основа. Во ТЕЦ Неготино се прават ремонтни активности на генераторскиот дел кои треба да завршат до крајот на месецов по што со полн капацитет ќе биде ставен во функција. Со тоа од 1 декември со намалувањето на температурите и со зголемувањето на конзумот веќе ќе ги имаме ставено во функција и блок 3 и ТЕЦ Неготино, прецизира Ковачевски.

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски јавно го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веднаш да ги исконтактира компаниите за кои вчера тврдеше дека можат да донесат поевтин мазут и гас со што државата ќе заштеди 300 милиони евра, за најдоцна до среда да ги достават нивните понуди до ЕСМ.  Ако ги исполнуваат критериумите кои се пропишани при тендерите за набавка на вакви енергенси, ќе бидат прифатени, а ако не достават ЕСМ ќе ја извести јавноста за исходот на постапката.

 

Ковачевски посочи дека понудите треба да содржат технички карактеристики на енергенсот што го нудат, да ги имаат потребните сертификати и лиценци, да ги имаат обезбедено потребните количини од 250.000 тони мазут и 250 милиони метри кубни гас, да имаат договори со добавувачите и транспорт на мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и Осломеј, а гасот до ТЕ-ТО и топланите во Скопје. Понатаму, динамика на испорака да биде согласно производниот план на ЕСМ и на крај да ги имаат обезбедено банкарските гаранции за сериозност на доставената понуда и за квалитетно извршување на постигнатите договори.

 

„Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена. Доколку пристигнат вакви комплетни понуди, согласно Законот за јавни набавски на енергенси, истите веднаш ќе бидат разгледани од Комисијата за јавни набавки на ЕСМ. Доколку понудите ги исполнуваат критериумите и доколку добие понуди по препорака на Мицковски имаат најниски цени и ќе донесат бенефит на државата и ЕСМ до 300 милиони евра, веднаш со тие компании ќе склучиме договори“, рече Ковачевски.

Мицкоски вчера објави дека неговата партија преку контакти во Западна Европа пронашла поевтини количини на мазут и природен гас.

„Од Западна Европа пронајдовме мазут за ТЕЦ Неготино кој ќе може да обезбеди од 160 до 180 мегавати моќност, но електричната енергија да му се отстапи на бизнисот. Мазутот ќе биде за 200 евра поевтин по тон и заштедите ќе бидат 40 милиони евра. Можеме да договориме 250 милиони нормални метри кубни гас за централата ТЕ-ТО. Цената на гасот би била нешто повеќе од 200 евра. Инаку, во моментов за гасот што Владата го преговара со Србија треба да платиме повеќе од 700 евра“, рече Мицковски и тврдеше дека ако државата ги прифати нивните понуди, заштедата би била 300 милиони евра.

Страница 1 од 10

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани