2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Да се формира посебно тело кое итно ќе ги состани  завојуваните страни за случајот Копанки, побара советникот од Поинаку Иван Чулакоски.

„Крајно време е ова да го средиме и да заврши ова со Копанки оти не се трпи. Формирање на посебно тело кое итно ќе се состани на било каков начин каде ќе се повикаат сите завојувани страни за случајот , значи до ПСК Пелистер, советници,  претставници од Општина Битола, угостителски работници од планинскиот дел на Пелистер и сите оние кои се уживатели на планинскиот спорт и живот во Битола. Дали ќе го крстите ад хок тело или комисија најдобро си знаете. Можеме барем за зимава ако не друго да организираме да ја искосиме тревата на патеката,  да се реновира малку од малку една боја да намачкаме на жичарата и едно собиче затоплено  децата што зимава ќе одат на Пелистер да има каде да се стоплат“, рече Чулакоски.

 Претседателот на Советот Валентин Груевски му одговори дека уште во 2018 година ги повикале претставниците од ПСК „Пелистер“ во чија сопственост е Планинарскиот дом да ги продолжат преговорите со Општина Битола за изнаоѓање на меѓусебно прифатливо решение.   

„Морам да потсетам дека Советот на Општина Битола на 20.6.2018 година донесе заклучок за започнување на постапка за изнаоѓање на решение за обнова на Планинарскиот дом Копнаки. Го гласавме сите и во него напишавме дека Советот на Општина Битола заклучува дека треба да се најде начин за обнова на Копанки. Советот на Општина Битола се обврзува дека ќе обезбеди средства во износ од 100 000 евра за обнова на Копанки. Советот на Општина Битола го повикава ПСК Пелистер да продолжи со разговорите со градоначалникот на Битола за градење на заемно прифатливи услови поврзани околу изградбата на Планинарскиот дом Копанки во интерес на општото добро. Општина Битола во овој момент нема законска можност за вложување во Домот зашто стопроцентен сопственк е ПСК Пелистер“, потсети Груевски на заклучокот.

Тој уште додаде дека околу легализација на Домот (постапка спорведена во времето на екс градоначалникот Владимир Талески) се води суски спор, па   се додека тој не заврши и не се произнесе  Управниот суд нема основа за нови заклучоци.

Драги колегиници од власта...

   Неможејќи со аргументи и политички да ја докажите својата "способност" да го водите градот, безидејноста и работењето и да се справите со критиките од мене и од мојата колешка Габриела Илиевска, кои секојдневно ги добиваме од граѓаните, почнавте да се служите со фашистички систем, полош дури и од груевизмот за ширење на лажни вести и обид за лично омаловажување и обид и приватно да не понижите пред битолчани. Доколку сум бил осудуван за вакво дело за кое ме клеветите сигурно не би бил член на советот.  Во овие 2 години наместо да сработите нешто вие сте се фатиле да се расправате со нас, како да сме градски непријатели број 1, како да сме терористи!!! “Бомбашки“ напади имало и ќе има како што вели вашиот Бошко Буха и нема да не застаните да се избориме за битолчани. Битола мора да биди поинаква!!!  

    Не знам само како ќе се испулиме во очи од утре во советот и како евентуално ќе работиме за арното на битолчани. Дел од вас, со кои многу добро се познаваме, сеуште имате дома по вентијагите шо ги носевте од протестите, владимирки и флаери за чист воздух. Флаери кои јас ги печатев и кои ги делевме заедно укажувајќи им на битолчани  ДЕКА УМИРАМЕ, дека Двојче не уништи, дека РЕЖИМОТ мора да падни, дека мора да се ослободиме, дека Битола мора да има чист воздух?! Тогаш се боревме за Живот, ви текнува? За живот за сите во Битола. Тогаш се боревме за сега да бидите бетер од криминалците. Јас ви ги полнев балоните со боја и ги координирав протестите со тогашното раководство (да не ги споменувам) од вашата партија а сега наеднаш сум најголем политички непријател, ама и личен непријател бидејќи и приватно сте во обид да ме уништите, бидејќи ви сметам во уживањето во власта.
    Од друга страна, за дел од Вас, пак, ми е жал што сте партиски заробени, што ве викнале овде за сликање и што не можите да гугните ништо против партија оти ве имат во д’жебчето пикнато. Ве држат поради партиските вработувања кои ги имате за вашите најблиски и бенефитите кои лично ги уживате откако дојдовте на власт. Знам дека меѓу Вас има и свесни, и со прекрасни идеи и сваќања, без лични намери кон мене ама партијата мора да се почитува. Е тоа ќе ве уништи колешки...

Парламентарните избори за кои се спремате и поради кои повторно не ќе можите да работите за битолчани, за каде сте избрани, ќе ви бидат лекција за вашата ароганција и злоба. Ми е жал само што ќе го вратите Грујо на власт повторно. 


 Очекувам и медиумите, како сервис на граѓаните, кои редовно ве пренесуваат само вас, дека ќе ја објават и оваа моја реакција во целост во однос по вашиот прес во врска со вашето барање и дека нема во името на слободата на говор и демократијата да ги бришат и понатаму коментарите од граѓаните кои редовно ги добиваат.


        Што би рекла една од вашите колешки, јас жените не ги делам ниту по пол, ниту по род. 

....Ве сака колегата Чулакоски. 

П.С.  Се надевам дека и на наредното караоке ќе имам можност да ви пуштам музика.

(Соопштението Апла го пренесе во целост) 

Расправата за извршувањето на кварталниот извештај на буџетот  на Општина Битола на денешната седница на Совет падна во сенка, откако независниот советник Иван Чулакоски се обиде да ги изедначи во политичката одговорност и работа  бившата и сегашната власт, па почна по име и презиме да ги обвинува дел од советниците од власта и опозицијата за ветеното, а не реализирано.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани