
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали искршиле интерактивна табла во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, со фрлање на тврд предмет преку прозорецот од училницата. Фотографиите денеска ги објави наставникот по германски јазик Димитар Пипилевски. Според него таблата е добиена како награда за училиштето.
-Најпрво, честитки до сторителот-морону, родителите твои го платиле ова, објави Пипилевски и додава дека „оваа табла беше една во градот, а само три (сега две) во државата. Колешката ја доби како награда (не е купена од буџетски, наши пари, со кои, нели, треба да се опремуваат училиштата).“
Вандализмот се случил за време на викендот.
Пипилевски вели дека барале од надлежните да се стават заштитни решетки на прозорците со предупредување дека може да се случи ваков вандализам.