
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште двајца битолчани се позитивни на КОВИД-19, со што до денес има 41 во Битола.
Двајца новозаболени има и во Ресен, каде бројот се искачи на 55 позитивни од 10 јуни до денес.
За значењето на првото училиште на македонски јазик во Преспа, школото „Димитар Влахов“ во село Љубојно, денес во некогашниот школски двор зборуваа професорот Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, Елена Јовановска- Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, министрите за надворшни работи Никола Димитров и за дијаспората Едмонд Адеми.
Негативен е брисот на хирургот од Битолската болница кој беше тестиран на КОВИД-19 откако од коронавирус се разболе болничар од установата.
Резултатот на хирургот пристигнал уште вчера и тој е негативен, а двајца колеги на болничарот остануваат во изолација.
