
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По пауза од 14 дена денес регистрирано е уште едно лице заболено од КОВИД-19 во Битола. Со ова бројката на битолчани кои без заразени од коронавирусот од неговата појава до денес се искачува на 29 лица. До вчера имаше само две лица кај кои болеста беше во тек, а со новиот случај денес, вкупно ги има три. .
Полицијата денес ги обезбедува приодите кон Светонеделските и Буковските гробишта во Битола.
Тие ја спроведуваат забраната која беше донесена од страна на Владата да не се оди на гробишта за време на Задушница и Духовден, како мерка за да не дојде до ширење на болеста.
Полицијата не им дозволи на никој од верниците да ги посети гробиштата на блиските. Само се дозволува верниците да стигнат до храмовите за да извршат опевање на мртвите.
Во Битола денес е регистриран уште еден излекуван пациент, а веќе 14 денови немаме новорегистрирани случаи со коронавирус, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.
Центарот за јавно здравје објави дека уште кај шест лица од Битола болеста КОВИД-19 е во тек. Од појавата на болеста до денес со коронавирус заразени се 28 битолчани, од кои двајца починаа, а дваесет се излекуваа.