2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Киното „Манаки“ може да се додели на користење на фестивалот „Браќа Манаки“ , на националната Кинотека која во соработка со општината може да развива форми на презентација на културното наследство.

Советот на Општина Битола на денешната седница ја освои одлуката за основање на јавна општинска установа за култура коja ќе управува со Офицерскиот дом и Киното „Манаки“. За одлуката гласаа 17 советници од Коалицијата на СДСМ, а 12 советници од Колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку гласаа воздржано.

Советниците од опозицијата го критикуваа основањето на новата установа и предложија со Киното „Манаки“ да стопанисува Центaрот за клултура, а Офицерскиот дом да биде алтернативна културна сцена, но не посебна институција.

„Не дискутираме за објекти, туку за институција и како таа во иднина би функцинирала. Ни во изјавите за медиумите ни во комисиската расправа не добивме некое цврсто уверување дека се има одредена стратегија и концепт како оваа институција во иднина ќе функционира. Во однос на Киното ‘Манаки’, институција која функционира со кинодејноста повеќе од одлично од 2013 година кога се набави новата дигитална опрема е Центарот за култура и продолжува до денес со обучен кадар за програмирање на кино програма и технички кадар. И ова е предлог во која насока треба да се размислува, двете кино сали да не функционираат одделено. За Офицерскиот дом би можел да биде сцена за алтернативна уметност, исто така може да биде простор и за други уметности. Но, не класична институција бидејќи во Битола ги има повеќе од доволно. Проценките и анализите се таму да се вдомат партиски кадри час поскоро “, рече Борче Димитровски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Жаклина Наумовска, советничка од СДСМ, возврати дека на сите им е позната историјата за тоа како претходната власт сакаше да го продаде Офицерскиот дом, а сегашната власт го враќа на картата на репрезентативни објекти во Битола.

„Офицерски дом годинава прави 101 година откако е отворен за јавноста. Би требало да ви е позната историјата на сите, како и фактот дека Офицерски 20 години беше оставен на забот на времето. Кога колегите од опозицијата беа на власт и добија конечно можност и да го реновираат и да го вратат во служба на граѓаните, решија дека тој не им треба на Битола и битолчани. Поранешната власт се обиде и да го продаде. Тоа е болна приказна за тоа колку Офицерскиот дом му значеше на ВМРО-ДПМНЕ. За нив Офицерскиот дом беше проблем. СДСМ преку локалната самоуправа обезбедија пари преку ИПА фондовите за целосно реставрирање“, рече Наумовска.

Габриела Илиевска критикуваше дека советниците од сегашната власт порано зборувале за Киното дека е промашена инвестициуја, ја критикувале неговата градба нарекувајќи го гулабарник на Широк Сокак, а сега ќе го стопанисуваат.

„Оваа локална самоуправа го исполнува вечниот сон на Владимир Талески“, рече Илиевска.

На ова возврати Борче Корлевски од СДСМ дека тие како власт не се однесуваат деструктувно со рушење на објекти.

„За киното 'Манаки', и за 'Скопје 2014' , во цела Македонија се правеа објекти, настрана и од Скопје што во тој момент не им беше простор или начин, но ниеден објект од тие од 'Скопје 2014', па ни Киното оваа власт не одлучи нити да го сруши, нити да го обезличи, нити да го остави на забот на времето. Туку да го стави во функција на граѓаните. Тоа е пример како во иднина треба да се постапи со сите знаменитости и објети кои ќе имаат културна намена“, рече Корлевски.

Ж.З.

   

Врвен приоритет за СДСМ е интересот и здравјето на граѓаните и тоа се потврди со начинот на кој Владата се справува со здравствената и економската криза. Од здравствен, од економски и демократски апсект одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок. Веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции, изјави на денешната пре конференција кандидатот за пратеник на СДСМ во 5 ИЕ, Горан Козаров.

Тој вели дека безбедни избори може да се спроведат ако се почитуваат  препораките за носење заштитна опрема, одржување на социјална дистанца, дезинфекција и задржување од 2-3 минути на гласачкото место.

-Изборите се во процес. Процес кој беше стопиран поради корона кризата а кој по прекинот на вонредната состојба има уште 22 дена за нивно одржување - во спротивно уставниот суд може слободно да ги прогласи за неуставни. На Република Северна Македонија и треба Собрание и Влада затоа што здравствената а особено економската криза бара решенија а не политичка демагогија за подобни или неподобни изборни датуми и резултати, смета Козаров. 

 

Ќе се реконструираат спортските терени во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. На денешната седница советниците во битолскиот Советот треба да донесат одлука за издвојување средства од општинскиот буџет со кои ќе се реконструира спортското игралиште во ова училиште. Градоначалничката Наташа Петровска на својот ФБ профил напиша дека за оваа намена се предвидени 4 милиони денари.

Наставничката по физика Валентина Степановска Андонова освои второ место со својот научен прокет „Патување на светлината“ на меѓународен натпревар во конкуренција од 15 наставници –натпреварувачи од 10 земји.

Натпреварот „Боите на небото“ во организација на "Women science teacher", Scientix, WST беше значаен настан за "Меѓународниот ден на светлината 2020" во организација на УНЕСКО.

„’Боите на небото’ беше натпревар од светски ранг наменет за сите наставници. Целта беше да се нагласи значењето на науката во нашето секојдневие. Впрочем задачата за наставниците-учесници беше знаењето поврзано со предметите: физика, биологија и хемија на умешен и интересен начин да го искомбинираат со фотографии или видеа поврзани со боите на небото и да се напише проект“, рече Степановска Андонова.

Наставничката на јавноста ѝ е позната и по големиот број награди што заедно со ученици од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола  ги има освоено на домашни и меѓународни натпревари.

Ж.З. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани