2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Темперстурата во Битола ќе се искачи до 33 степени

Македонското научно друштво-Битола, најстарата организација во државата посветена на научно-истражувачката и публицистичка дејност, одбележа 60 години од своето постоење. На централната манифестаија по повод јубилејот синоќа МНД им додели благодарници и признанија на повеќе институции и поединци од градот и државата, членови на Друштвото, поранешни претседатели, истакнати активнисти и други соработници. Исто така, по повод јубилејот е изработена "кристална коцка" со амблемот на МНД, а таква "кристална коцка" беше доделена и на дел од присутните на манифестацијата.

 36 годишен битолчанец се здобил со тешки телесни повреди при судир на неговиот мотоцикл со трактор на крстосница во Преспа
 

На денешен ден, 22 јули 1944, кај село Буринец Струшко, на планината Караорман загина Никола ТОДОРОВСКИ-Коле Канински, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. 

Сом со тежина од 16,5 килограми уловија деновиве риболовци во рекреативната зона на акумулацијата "Стрежево"

Доктор Синиша Трпчевски од Болницата „Плодност“ во Битола е првиот македонски гинеколог кој работи роботска хирургхија. Тој го доби сертификатот за завршена и положена специјализација по гинекологија и акушерство во Виена, Австрија. За време на неговото пет годишно искуство во рамките на специјалистичкиот стаж, направи многубројни лапароскопски операции и класични операции на карциноми на гениталните органи и над 50 роботски операции.

Доктор Трпчевски е дел од онколошкиот тим во најголемата болница во градот Велс, четврта по големина во Австрија. Поради фреквентноста на породувањата во болницата, околу 3500 породувања на годишно ниво, тој се стекна со големо искуство во оваа област, а во Болница „Плодност“ има направено неколку лапароскопски операции со вадење на лимфни жлезди. Во моментов е ангажиран во одделот за роботска хирургија, каде што досега направил над 50 роботски операции.

Со три концерти на познати македонски етно бендови „Локум фест“ со 14 издание ќе ја отвори сезоната за концерти во Битола по ковид-забраната. Од утре до петок во Пациото на Завод и музеј во Битола со почеток од 21 часот ќе настапат: на 22 јули „Чалгија саунд систем“, на 23 јули „Баклава“ и на 24 јули „Љубојна“. Концертите ќе се одржат строго по протоколите за заштита од ковид-19, а влезници можат да се набават по 100 денари за првите две вечери и 150 за завршната вечер во „Култур кафе“ во Битола, најдоцна два часа пред одржувањето на настаните. Средствата од влезниците се наменети за трошоците од организацијата на Фестивалот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани