
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пелистер е непресушна инспирација за вљубениците во планината и фотографијата. Често, наши редовни читатели ни испраќаат прекрасни фотографии од планианскиот убавец, а меѓу нив многупати е и младиот Пантелејмон Трпчевски, кој овој викенде заедно со семјеството се искачи до Големо Езеро по патеката покрај реката Сапунчица, која извира од Баба Планина.
Исто така, по оваа патека на 15 август ќе се одржи долгоочекуваната трка - „Ultra Pelister Trail“.
На денешен ден, 27 јули 1927 година, во селото Лавци, Битолско, е родена ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, најмлад народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).
Кафетеријата „Добри Вибрации“ во Новиот градски пазар во Битола е привремено затворена, откако кај вработен е потврдено дека е позитивен на КОВИД-19, но се заразил надвор од работното место. Ова е објавено на ФБ страната на кафетеријата
Во Битола денес се регистрирани 5 новозаболени, со што вкупниот број се искачи на 114, а има 60 активни случаи. Во Инфективното одделени на Клиничката болница хоспитализирани се 40 заболени од целиот регион
Тројца од заболените кои вечера се регстрирани во Битола како позитивни на КОВИД 19 се поврзани со преходни заразени, а за два последни случаи не може да се детектира изворот, одгворија од Министерството за здравство на прашањата на апла.мк
На денешен ден, 26 јули 1946 година, во Ениџе-Вардар, Егејски дел на Македонија, е убиена Ирина ГИНОВА-Мирка, припадник на македонското националноослободително и грчкото комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.