
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Состојбата со Преспанското Езеро е алармантна, a намалувањето на нивото има негативнио влијани врз кавлитетот на водата и живиот свет. Зголемена е појавата на алги, намалена е видливоста, а поради повлекувањето на езерото се поместуваат плодишта на рибите и фауната која живее во крајбрежниот дел.
На општинска Конференција во ОО СДСМ Битола, организирана согласно протоколитe за заштита од ковид-19, вечерва беа избрани делегати за конгрес на СДСМ со мандат 2020-2024 година.




Заличи предниот дел од фасадата на архитектонскиот бисер на Широк Сокак, наречен уште и битолски Версај. Реставрирана е фасадата во овој дел на Офицерскиот дом во Битола. Нема веќе чкртаници и руинирани делови. Мајсторите работат од страната на влезот на Домот, а постоа останува да се рестраврира и страничниот дел од објектот. Со ова Офицерски постепено си го враќа стариот сјај. 
Со дефиле низ битолските улици мото клубовите од градот во соработка со полицијата испратија порака родителите да не им купуваат веспи и други мотори на малолетници помали од 16 години, а моторциклистите да возат со заштитна опрема и според сообраќајните правила и прописи.
По подолго време, денес беше забележана поголема туристичка група на плоштадот Магнолија во Битола. Групата беше од Словачка и со туристички водич ги разгледуваа центарот на градот, Безистенот и Старата чаршијата. Пред појавата на пандемијата со ковид-19 туристичките групи беа секојдневие во Битола, а потоа сосема запреа. Денешната слика со туристи ги потсети битолчани на убавите и побезгрижни времиња кога Битола беше на агендата на повеќето агенции кои носеа туристи во земјава. Можеби доаѓаа на еден ден, но придонесуваа за раздвиженост на Широк Сокак, ќе ручаа во некој ресторант, а и битолчани имаа чувство дека нешто се случува на турситички план во градот.
