2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Владата  согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, известуваат од Владата

Родендените се прилика за славење. 

И миг во кој се постетуваме на почетоците, на растот и на успехот. 
Не е лесна работа да се биде безмалку три децении едно од најпрепознатливите имиња во фризерската професија не само во Битола, туку и во Македонија, па и на Балканот.

Нема битолчани меѓу осумтемина пациенти со КОВИД-19 хоспитализирани на Инфективното одделение во битолската Клиничка болница. Овие пациенти се од Струшко-охридскиот Регион.

„Осумте КОВИД позитивни пациенти се во средно тешка состојба, два од нив се поставени на кислородна поддршка, а утрово имам информација дека се стабилни. Пациентите се од Струшко-охридскиот регион. До вчера беа 4 позитивни и 3 суспектни пациенти зашто имаме и еден друг дел во Инфективното одделени кој е за суспектни пациенти. За тројцата пристигнаа негативни резултати, а вчера попладе и вечерта пристигнаа четири нови КОВИД позитивни пациетни. Во Битола нема хосиптализиран пациент од Битола КОВИД позитивен“, одговори директорката на Болницата, Билјана Гагачовска на новинарско прашање. 

Започна реновирањето на дел од месната заедница „Димитар Влахов“ и реконструкцијата на игралиштето во нејзина непосредна близина. Со средства од над 400.000 денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, заедно со невладините организации „Преда плус“ и „Баирска светлина“, се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница, а Општина Битола обезбеди од 450.000 денари. Во реконструкцијата ќе се вклучат и битолските јавни претпријатија. За локалното население, овие два проекти ќе имаат големо значење.

Нема пријави за угостителските објекти во Битола, почит кон угостителите, рече Стојко Пауновски, директир на Државниот пазарен инспектират. 

,,Слободно можеме Битола да ја пофалиме дека во овие неколку дена немаме ни кривични, ни прекршочни пријави. Опомени има доста, но кривични пријави има во Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Штип, Гостивар, Тетово. Битола за среќа нема и ова е за почит кон угостителите. Тие или ги почитуваат протоколите или ќе провериме да не е нешто до инспектирите", рече директорот на Пазарниот инспекторат на денешната прес конференција. 

Тој додаде дека инспекциските служби остануваат на ререн и ако се почитуваат протоколите за работа во угостителските објекти, ќе има за многу скоро време нови олеснувања. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани