2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во Битола денес нема новозаболени од коронавирус, но едно лице на возраст од 73 години почина во болнички услови. Во општина Битола има 63 активни случаи. 

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 14
-Куманово 8
-Штип 13
-Струга 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 22
-Кочани 1
-Берово 3
-Виница 4
-Свети Николе 3
-Кичево 2

Починати се 3 лица, пациент од Битола, пациент од Демир Хисар и пациент од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од:

-Скопје 23
-Куманово 1
-Дебар 1
-Штип 11
-Тетово 17
-Велес 1
-Охрид 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 9
-Радовиш 5
-Кочани 1
-Свети Николе 17

Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.

Во Преспанското Езеро се трага по 16-годишно момче кое вчерапопладне за време на големиот празник Илинден исчезнало во езерските води. Од МВР соопштија дека пријава за исчезнато лице добиле во 18,18 часот од Итната медицинска помош дека кај туристичката населба Претор во водите на Преспанското Езеро исчезнал И.М. (2004)  од Ресен. 

Очевидци раскажуваат дека цела плажа била на нозе да помогне, а во потрагата помагал и брод, се влечеле рибарски мрежи, а се вклучиле и нуркачи од Охрид. 

,, Со кајак пловев низ длабокото од Асамати за Сливница и околу 18, 30 часот слушнав сирена за Брза помош. Помислив дека се работи за топлотен удар или инфаркт.Но, на враќање навратив до Претор. Луѓе од цела плажа кај ,,Пица - бич" барот беа простум на нозе. Поминав меѓу два чамци со луѓе, ми рекоа да побарам полево. Ми кажаа дека се удавило 16 годишно момче. Во потрагата се вклучи и бродче, влечеа големи рибарски мрежи, но попусто", напиша Дејан Трајковски од Битола на фб профилот. 

По момчето се трагаше дп доцна во коќта. 

 

Пишува: Александар Литовски

Ковид-19 во Битола ја одзеде и петтата жртва, 70 годишно лице кое почина во болнички услови. Денес е ригистриран уште еден новозаболен битолчанец, а осуммина се оздравени. Со ова во општина Битола има 64 активни случаи. 

Во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 47
-Куманово 17
-Дебар 1
-Штип 23
-Тетово 12
-Струга 7
-Битола 1
-Охрид 3
-Кавадарци 9
-Гостивар 15
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 10
-Виница 2
-Свети Николе 2
-Кичево 12
-Неготино 2

Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.Сите починаа во болнички услови. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од:

-Скопје 98
-Куманово 17
-Штип 25
-Битола 8
-Гостивар 15
-Радовиш 2
-Пробиштип 1
-Свети Николе 12
-Кичево 3
-Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

Специјалистот по интерна медицина доктор Кире Доновски од Болницата во Отешево, кој пред неколку недели работеше и во ГОБ „8 Септември“, деновиве со планот за ротација помага и во Ковид одделот при Клиничка болница во Битола. Тој на својот фејсбук профил им се заблагодари на колегите од Болницата за колегијалноста, приемот и целокупната соработка во борбата со ковид 19 пандемијата. Но, упати јавна критика кон младите зашто не се придржуваат кон мерките за заштита од болеста. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани