2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

„Нека ни е честит 2 Август, нека ни се вековити вредностите што овој ден ги носи со себе низ столетијата, вредности на почит, соживот, разбирање, слобода, творење и напредок“, порача градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, по повод големиот празник Илинде кој има двојно историско, општествено-политичко, но и исконско - верско значење за државата. 

Здружението на пензионери од Битола им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувајќи 117 години од Илинденското востание и 76  години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваат почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава, додавајќи дека големиот празник Илинден е вечна инспирација за современите генерации во градбата на стабилна, економски моќна, достоинствена и меѓународно почитувана држава.   

Почитувани сограѓани,

Ми претставува голема чест и задоволство да Ви го честитам големиот и најсветол национален празник-Илинден а воедно Ви го честитам и големиот христијански празник Св.Илија.

Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор.

Жителите од улицата „Север Југ“ во Битола се жалат дека покрај  контејнерите  постојано се создава  депонии од стар мебел. Така е и денеска, каде  несовесни граѓани се ослободиле  од старата покуќнина, па стариот лежај се најде покрај контејнерот заедно со дотраената врата. Но, не само овде, ова е секојдневие низ Битола

Во повеќе наврати сме информирале, но повтоно ќе потсетиме, дека секое семејство, секој граѓанин кој одлучил да се ослободи од кабастиот отпад треба навреме да пријави во ЈП Комуналец за негово подигање со што ќе се избегнат вакви грди слики низ градот.
viber image 2020 08 01 15 58 07
 

viber image 2020 08 01 15 58 06

 

 

Петмина битолчани се позитивни на КОВИД-19 регистрирани во последните 24 часа, а меѓу седумте вкупно починати во државата  е и 27 годишен битолчанец  кој ја изгуби битката со вирусот. Во Битола денес има пет оздравени. Со ова во вкупниот број на заболени се искачи на 142, а болеста  е во тек кај 73 лица од Битола.

Вчерашната сообраќајна несреќа во Преспа во која загина едно лице, а три се тешко повредени, се случилна на магистралниот пат Ресен Битола, кај месноста викана „Лебара Жито“

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани