
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувајќи 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваат почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава, додавајќи дека големиот празник Илинден е вечна инспирација за современите генерации во градбата на стабилна, економски моќна, достоинствена и меѓународно почитувана држава.
Од АД ЕСМ подружница РЕК Битола на граѓаните на Република Северна Македонија им го честитаат големиот национален и верски празник Илинден, кој претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес да живееме во слободна и независна држава, празник во кој се чествуваат храбрите илинденци и пожртвуваните партизани од Народнослободителната војска кои ги положиле животите за создавање на сопствена и слободна држава. АД ЕСМ подружница РЕК Битола на сите граѓани им посакува овој голем ден да го поминат во здравје, среќа, радост и љубов.
Тешка сообраќајна несреќа се случила попладенво во Преспа во која според се уште неофицијални информации загина жена, а маж на возраст од околу 40 години и девојче на 10 години со политрауми и во тешка состојба во моментото се на одделението за неурохирургија во Клиничката болница во Битола.
Денес започнаа најавуваните реконструктивни активности на покривот и дограмата во нашето училиште.
Се очекува изведбените работи да потраат во следните два месеци, имајќи во предвид дека ова е најголемиот реконструктивен зафат од кога е направено училиштето. Ќе се работи на комплетна замена на штетната азбестна кровна покривка со лимена кровна обвивка, а дотраената дрвена дограма ќе се замени со ПВЦ дограма.
За таа цел, се информираат сите граѓани кои секојдневно минуваат низ дворот на Техничкото училиште, како и оние кои дворот го користат за одмор и рекреација, дека движењето и задржувањето во кругот на училиштето може да биде потенцијална опасност за нив. Избегнувајте го движењето во близина на објектот како не би се случиле несреќи со несакани последици.