
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Традиционално, како и секоја година голем број битолчани вечерва патот ги води кон населбата Довлеџик, во црквата "Св. Архангел Гаврил" каде започна празнувањето на споменот на чудата на Светиот Архангел Гаврил, што се одбележува на 26 јули.
Битолчанката Мери Тошевска има потреба од донации на хумани граѓни за да го продолжи лекувањето со роботска терапија во поликлиниката „Неоуромедик“ во Ниш, Србија. Таа се движи со инвалидска количка, а медицинскиот третман што го добива таму ја подобрува нејзината здравствена состојба. За да се исправи на нозе мора да продолжи со лекувањето во Србија, а за тоа ѝ се потребни 8000 евра. Сега оваа неуморна и храбра жена и мајка живее со надеж дека ќе успее да ги собере потребните средства и го врати својот чекор. Можете да донирате на следниот мобилен телефон и жиро сметка во банка.
Спроведувањето на прекуграничните проекти одеше отежнато поради пандемијата со ковид-19, а особено во периодот на карантини, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Преку проект за прекугранична соработка на нашата земја со Грција, се врши скрининг на деца од општина Битола за откривање на респираторни и кардио-васкуларни болести кај нив со цел навремена здравствена заштита и советување и обука на родителите и наставниците.