
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
МКЦ реализираше уште едно успешно издание на Фестивалот „Битола отворен град“ со концерти, изложби и други културни настани кои покажаа дека младите во Битола се жедни за култура и дека таа е можна и во услови на пандемија доколку се почитуваат пропишаните протоколи.
Здружението на пенизонери-Битола на сите свои членови, но и на сите граѓани им го честита Денот на независноста-8 Септември.
Денот на независноста, 8-ми Септември е празник кога се слави осамостојувањето, како и опстојувањето на независна и суверена Република Северна Македонија, празник кој претставува оставрување на вековниот македонски стремеж за самостојна и суверена држава. Овој празник не потсетува на битките поминати за оставурвање на овој сон, како и на предизвиците што престојат пред нас и ни дава сила и мудрост да продолжиуме понатаму кон посветла иднина.
Јавното претпријатие „Стрежево“ на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 8 Септември –Денот на независноста, денот кога граѓаните го кажаа историското „да“ кое значеше независна, самостојна и суверена држава. ЈП „Стрежево“ ја упатува честитката со желба за напредна, развиена, економски силна и интегрирана држава во ЕУ.
По повод 8 Септември - ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА на Македонија, МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР, 3 дена од (7 до 9 септември) од 12-15 часот ќе ги претставува своите најдобри дела на отворен простор на Платото пред зградата на Малиот Битолски Монмартр во Старата Битолска Чаршија.
На оваа блиц изложба "Магијата на Монмартр", ќе се пичитуваат сите протоколи за заштита од КОВИД-19, информираат од Детското ликовно студио
На денешен ден 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола.
