2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На парцела зад Инфективното оддделение во Клиничката болница во Битола, градежна мехнаизација веќе ги започна активностите за подготовка на теренот за поставување на модуларната болница. Станува збор за монтажен објект кој ќе биде наменет за пациенти заболени од КОВИД-19, а овој простор ќе биде опремен со целосно нова опрема и апаратура. Целта е да се зголемат капацитетите, но и да се подобрат условите за лекување на овие пациенти.  

ЈП „Стрежево“ ја намали цената на пастрмката што  ја одгледува во сопствените рибници. Сега оваа риба може да се набави за 240 денари килограм за белата и  260 денари за црвената. 

По повод одбележувањето на 22-ри ноември, Денот на албанската азбука, промовирани се книгата „Дневникот на Параскеви Киријази“  од Скендер Асани и Нора Малиќи- Зулали  и документарниот филм за УНЕСКО  посветен на интелектуалката Параскеви Киријази која претседавала со Советот за кодификација на албанскиот јазик во Битола 1908 година. Педесет годишнината од смртта на албанската просветителка Параскеви Киријази, која се одбележува на 17 декември годинава, УНЕСКО го стави на листата на значајни јубилеи за годинава.

Министерката за култура Ирена Стефковска,  на промоцијата, честитајќи го Денот на албанската азбука истакна дека јазикот, по дефиниција, е средство за комуникација, но мајчиниот јазик е аманет.


„Нашата земја ја има привилегијата да изобилува со јазици и дијалекти, да биде „срцето на балканскиот јазичен контак, како што вели големиот лингвист и пријател на Република Северна Македонија, професорот Виктор Фридман. Тоа е културно богатство кое не прави поубави и посилни. Честитајќи го Денот на албанската азбука, 22-ри ноември, не го кријам задоволството што успеавме, во календарот на УНЕСКО за поддршка на значајни јубилеи во 2020, да ја внесеме и 50-годишнината од упокојувањето на Параскеви Киријази, активна учесничка на Битолскиот конгрес. На оваа исклучителна жена полиглот, ерудит, и педагог,  и го посветуваме 17 декември“, рече Стефоска.Den na albanskata azbuka 1

Според Скендер Асани , директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Киријази имала широк распон на интереси поврзани со историските процеси , важни за албанската нација во тоа време.

Од отворање училишта на албански јазик, издавање на списанието „ Утринска ѕвезда“,  до учество на Битолскиот конгрес и на Версајската конференција. Параскеви ја напишала и „ Химната на азбуката“. Таа е првата Албанка што ја примени албанската азбука од Битолскиот конгрес во учебник,  додаде Асани.

Киријази била родена во 1880 година во Битола, а починала во Тирана 1970 година. Таа го напишала „Букварот на албанската азбука“ отпечатен во Битола. Била уредник на албанско-американското списание „Утронска ѕвезда“. Била претставничка од Коча на Когресот на азбуката. Напишала и мемоари за одржувањето на конгресот, на кој била избрана и за записничар.

Документарниот филм за УНЕСКО  посветен на интелектуалката Параскеви Киријази која претседавала со Советот за кодификација на албанскиот јазик во Битола 1908 година.

Документарниот филм е достапен на следниот линк

Поради дефект на електричната мрежа без струја околу пладне останаа централното градско подрачје во Битола и околината, соопштија од ЕВН. Од таму велат дека нивни тимови се ангажирани за непречено снабување со електрична енергија во наведениот регион. Постепено корисниците се вклучуваат во мрежата. Без струја  останаа и неколку битолски училишта, како и ученици од претпладневната смена кои од дома следеа настава. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани