
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола во четврток, на 19 ноември, организира онлајн работилница на германски јазик, посветена на големиот германски музичар Јохан Себастијан Бах. И покрај пандемијата со ковид-19, Здружението не ги одложува своите активности туку продолжи да ги спроведува електронски овозможувајќи негување на германскиот јазик, пријателските врски со Германија и ширење на сознанијата за германската култура.
За разлика од ковид-19 кој покоси повеќе животи, жртвите од сообраќајни несреќи се многу намалени. Во 2019 година СВР Битола броеше 4 жртви од сообраќајни незгоди, а до денес имаме само 1 жртва од сообраќајна несреќа годинава. Како отсек за превенција секојдневно преземаме превентивни и репресивни мерки во Битола. Како Сектор за внатрешни работи можеме да се пофалиме дека во изминатите три-четрири години имаме перманентно намалување на сите сообраќајни незгоди, а и намалување на жртвите од сообраќајни незгоди, рече Сашо Гилевски, началник на Отсекот за превенција при СВР Битола.
Денес, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Битола го одбележаа Светскиот ден на жртви од сообраќајни несреќи.
Ковид центарот во Битола секојдневно води беспоштедна и макотрпна борба за спас на пацинетите заразени со ковид-19. Секојдневно бројот на пацинети со тешка и вонредно тешка клиничка слика на болеста расти. Хоспитализирани се 83 пацинети, со што капацитетот е исполнет. Подготвен е Одделот за физикална медицина кој во текот на оваа недела треба да се отвори и да почне да згрижува пацинети, рече на денешната прес конференција д-р Ели Димитровска, специјалист инфектолог од Ковид центарот при Клиничката болница во Битола и член на Комисијата за здравство при СДСМ Битола.
Во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во:
Оптимистички прогнози доаѓаат од статистичката анализа за сосотојбата со КОВИД-19 на професорот од Техникиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека експоненцијалниот раст нема повеќе забрзување, туку преминува во линеарен.
