2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

За десет процентни поени намалена е излезноста на овие параламентрани избори во споредба со оние од 2016 во Битола до 13 часот. На претходните парламентарни избори до 13 часот на гласање пред четири години имаа излезено  33,55 проценти, а сега гласаа 23,21 процент. На ниво на петта изборна единица до 13 часот во 2016 година гласале 33,5 проценти од гласачите, а сега 23,2 проценти, стои во анализата на ТВ Сител. 

 

Во СВР Битола Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас, пишува во соопштението на МВР. 

Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник, кој обезбедува избирачко место во училиште во село Дебреште, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на избирачкото ливче. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, стои во соопштението. 

Во изборната единица број 5 по излезност се издвојува Општина Битла до 31,19 проценти до 13 часот, Вевчани со 39, 86 проценти и Круѕево каде излезеноста е 37,84 проценти, изјавија од Државната изборна комисија на прес конференција. .

Од општините во Преспанско-пелагонискиот регион по број на излезени гласачи на изборите преднички Општина Новаци. Според ДИК, До 11,30 часот таму излезноста беше 26.89 проценти. Втора на листата е Битола со 20,81 процент, па Ресен со нешто над 14,58 и Могила со 13,45 проценти.   

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани