2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Заврши реконструкцијата на првата делница од улицата „Илинденска“ во должина 200 метри, покрај Еврејските гробишта, соопштија од Општина Битола.  

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, а од страна на изведувачите и надлежните лица од Општината за овој проект, беше информирана дека асфалтирањето ќе биде изведувано по делници, онака како што се комплетираат сите активности.

Целосната конструкција на улицата „Илинденска“ во Битола во должина од 2131 метар е инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, од кои 530.000 евра општински средства. ЈКП „Водовод“ е задолжен за изведба водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ за канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари.

Денес има уште четворица новозаболени со ковид-19 во Битола, а петмина излекувани. Активни случаи се 36. 

Во последните 24 часа на ниво на држава се направени 1772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 32
-Куманово 15
-Дебар 5
-Штип 8
-Прилеп 8
-Тетово 9
-Струга 4
-Велес 2
-Битола 4
-Охрид 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 12
-Гевгелија 1
-Струмица 5
-Крива Паланка 2
-Кочани 3
-Пробиштип 2
-Пехчево 5
-Берово 1
-Виница 2
-Делчево 8
-Свети Николе 4
-Кичево 6
-Неготино 1

Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент од:

-Скопје 55
-Куманово 31
-Дебар 4
-Штип 10
-Прилеп 4
-Тетово 14
-Струга 10
-Велес 2
-Битола 5
-Кавадарци 6
-Гостивар 39
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Крива Паланка 1
-Кочани 4
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 4
-Македонски Брод 2
-Берово 2
-Виница 3
-Делчево 3
-Свети Николе 4
-Кичево 10

Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253.

 
 

По објавите на Апла за ноќното диеење на млади моторџии низ битолските улици, овој пат жители од зградите во близина на ОУ "Кчимент  Охридски" ни пратија снимки.

Општина Битола годинава ќе биде дел од големиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка “Race for the Cure”, кој ќе се случува од 25-27 септември во речиси сите градови во државата.

Вклучувањето на општината беше договорено на средбата помеѓу претседателката на здружението „Борка – За секој нов ден”, Биба Додева и градоначалничката Наташа Петровска. На средбата се дискутираше и за состојбата со заболени од рак на територијата на општината, како и за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица. Градоначалничката истакна дека општината максимално ја дава подддршката во активностите за подигнување на јавната свест за ракот на дојка.

Настанот ќе се случува во пресрет на октомври, во кој традиционално на светско ниво се одбележува месецот за борба притов ракот на дојка, како и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка.

Во Битола денес има четворица новозаболени и шестмина оздравени од ковид-19. Активни случаи се 37 , а од почетокот на пандемијата до сега вкупно заболеле 207 битолчани.Според ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола  4 нови случаи на ковид-19 во Битола  се лица на возраст од 39, 57, 59 и 74 години, лицата не даваат податок за контакт со позитивно лице.

Во Кичево, Ресен и Д.Хисар денес нема новорегистрирани лица.

Денес се регистрирани и 20 оздравени лица (12 од Кичево, 6 од Битола и 2 во Д.Хисар).

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

Во последните 24 часа се направени 1665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 34
-Куманово 10
-Штип 14
-Прилеп 15
-Тетово 3
-Струга 13
-Битола 4
-Охрид 4
-Гостивар 2
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Крушево 1
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Пехчево 1
-Берово 2
-Виница 3
-Делчево 1
-Свети Николе 2

Починат е еден пациент од Гостивар на возраст од 76 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од:

-Скопје 64
-Куманово 74
-Дебар 28
-Штип 30
-Прилеп 5
-Тетово 48
-Струга 9
-Битола 6
-Охрид 3
-Кавадарци 20
-Гостивар 36
-Гевгелија 1
-Струмица 4
-Крива Паланка 6
-Радовиш 1
-Кочани 4
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 3
-Кратово 1
-Свети Николе 9
-Кичево 12
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.

Иако во повеќето училишта учебната година на први октомври ќе почне без физичко присуство на учениците, училиштата во Општина Битола значително ги подобрија условите за настава. Во градот нема училиште каде во изминатиот период не се изведуваа реконструктивни зафати. Се санираа тоалети, покриви, фасади, се обновуваа спортските терени, се менуваа врати и прозорци, се попрваа, тавани, кабинети... Според податоци од Општината, во инстраструктурни зафати оваа локална власт во 11 основни и 5 средни училишта за три години вложи 13 291 930 денари или 221 532 евра.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани