
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола денес е регистриран уште еден излекуван пациент, а веќе 14 денови немаме новорегистрирани случаи со коронавирус, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.
„Небулози и површни тврења“, вака претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, ги оцени обвинувањата што вчера од Скопје ги упати Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ за битолска тема, поточно дека со објавениот оглас за финансиска помош на здруженија и спортски клубови се вршел поткуп на гласачи во предизборието.
„Се работи за процедура која оди секоја година во овој дел од годината и која претходно е потврдена со одлука на Совет донесена во декември 2019 година. Огласот кој го објавуваме се носи на Комисија за финансии на која јас сум претседател , но овој оглас го изгласа присустните членови на Комисијата едногласно , не присутвуваше само еден член на комисијата. Тоа се членови од сите политички партии и ни еден од тие членови немаше забелешка ни за времето на објавување, ни за содржината, а седницата на Комисијата беше на 20 мај. Има записници за тоа“, рече Груевски.
Голем дел од битолчани денеска отидоа на гробишта и да ги опеат мртвите, откако вчера Владата донесе забрана за посета на гробишта од вечерва во 21 часот до понеделник во 5 часот.
Иако битолчани до лани практикуваа да опеваат за мртвите на Мртов петок и Задушница, годинава овој црковен обред се изведува уште од четврток. Денес во поголемите битолски храмови се одржуваат вакви служби дури до попладневните часови.
Битолчани место утре, денес ги посетија гробиштата, положија цвеќе и запалија свеќа. Но, претежно сите беа со маски на лицата и не се создаваше метеж како друг пат за Задушница.
Бидејќи, утре е забранета посета на гробиштата, нема да има редици од автомобили пред црквите каде има и гробни места. Претходните години, поради големата раздвиженост редовно интервенираше полицијата за да создаде ред.
Ж. З.
Денес се навршија 19 години од загинувањето на македонските бранители во близина на селото Гајре за време на конфликтот во 2001 година. Битолчаните Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци беа воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре
Владата согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, известуваат од Владата
Родендените се прилика за славење.