2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Од ЈП „Водовод“ информираат дека интензивно работат на дефектите кои се појавија во водоводната мрежа на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола. Поради оваа состојба изменет е сообраќајниот режим на оваа улица за време на продолжениот празничен викенд, па  улицата во сабота, недела и понеделник  е   затворена за сообраќај од 9 до 15 часот. 

Покрај санацијата на дефектите,  се менуваат приклучоците во водоводната мрежа по целата траса, активност која што беше планирана со реконструкцијата на оваа сообраќајница која треба да започне наскоро

Независниот полициски синдикат денес отвори Регионална канцеларија во Битола со цел полесно и поефикасно да се решаваат проблемите на членовите, кој покрај редовната полиција, ги опфаќа и вработените во судската, затворската и шумската полиција. Ова е втора Регионална канцеларија на Независниот полициски синдикат, после Штип. Претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев, вели дека отворање на ваква канцеларија во Битола се наметна посебно  после неколку напади на полицајци од шумската полиција во Ресен и Битола.

Во Битола денес се регистрирани уште деветмина новозаболени од ковид-19, соопштија од Министерството за здравство. Последната недела дневната бројка на новозаболени е висока и се движи околу 10. Тоа е многу повеќе отколку во изминатиот месец кога на дневна основа имаше најмногу по шест болни. 

Оздравени се двајца битолчани, а активни случаи има 97. 


На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, во текот на денот се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица, под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита државниот празник  11-ти Октомври, Денот на востанието, симбол на македонската борба за слобода. 

Во моментите кога се одбележува 79 годишнината од почетокот на антифашистичката борба во Македонија, упатуваме должна почит и благодарност до сите учесници во Народно-одлободителната борба кои животите ги дадоа на браникот на слободата за нашата татковината. Преку нивните храбри дела и заложби за сопствена држава, токму преку првото заседание на АСНОМ започна остварувањето на повеќевековните идеали на македонскиот народ. Нас како идни генерации, ни останува обврската да ги чуваме овие придобивки и да придонесуваме за поразвиена, економски стабилна, мултиетничка, слободната, самостојна, независна и суверена Република Северна Македонија.

АД ЕСМ го продолжи стипендирањето на 29 студенти од различни години на високото образование од четири државни универзитети, односно од државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и во Тетово. Услов за продолжување на стипендирањето е студентите секоја година да го задржат бараниот просек, кој резултат стипендистите редовно го исполнуваат.

Во изминатите денови дел од студентите веќе ги потпишаа договорите и истото беше извршено согласно законските мерки за заштита од КОВИД 19, се со цел на студентите да им се исплатат средствата неопходни за нивните секојдневни трошоци поврзани со образовниот процес.

Почнувајќи од 2012година АД ЕСМ секоја година распишува конкурс за стипендирање на 30 нови студенти од државните универзитети, со годишна стипендија од 60 илјади денари.

На тој начин, АД ЕСМ, како општествено одговорна компанија, помага во продуцирање кадар, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии.студент 2

студент 3

Речиси  покрај секој  контејнер низ градот постојано  се остава гломазен отпад - стар мебел, дограма, електрични апарати, санитарии и друго.

Покрај грдата слика, се отежнува движењето на пешаците, затоа што со овој отпад се затрупани тротоарите, па тие се принудени да се движат на коловозот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани