2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 64 годишна возраст почина битолчанецот Љупчо Василевски, познат претпримач и правник од Битола. Василевски подолг период работниот век го помина во Сојузот на синдикати на Македонија-регионална единица Битола, каде несебично им помагаше на синдикалците од регионот. Своевремено се занимаваше и со новинарство. Посмртните останки ќе бидат изложени денес на 19.02.2025год во храмот „Св.Недала“ од 10 часот, а погребот ќе биде на новите светонеделски гробишта во 12 часот. 

ЛЕГЕНДАРНИОТ АНТЕ КОСТЕЛИЌ НА СРЕДБА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ТОНИ КОЊАНОВСКИ

 
По 42 години, Анте Костелиќ и неговата сопруга Марица, повторно се во Битола. Денес остварија средба со битолскиот градоначалник Тони Коњановски во неговиот кабинет, при што најмногу разговараа за ракометните успеси на градот во изминатите години.
 
Анте Костелиќ година и пол во тогашно време беше на чело на ракометниот клуб Пелистер, кој од втората лига се префрли во најелитното југословенско клубско ракометно друштво. Заедно со градоначалникот Коњановски, евоцираа спомени од минатото за квалитетот на ракометниот клуб Пелистер, за тоа како неговиот син Ивица за прв пат застанал на скии на Тумбе Кафе и како неговата сопруга Марица играла за ЖРК Пелистер.  Костелиќ го пофали и модерниот ракомет кој што сега го игра Еурофарм Пелистер, а за тоа сведочат и големите домашни и меѓународни успеси на клубот.
 
Градоначалникот Тони Коњановски се заблагодари на посетата на брачниот пар Костелиќ на општина Битола, бидејќи како што тој истакна, чест и задоволство е да се биде меѓу некогашните легенди на битолскиот ракомет, но и да се биде помеѓу родителите, кои покрај спортот, всадиле огромна желба за скијање на нивните деца, поранешните светски прваци Јаница и Ивица Костелиќ.

Сообраќајни контроли СВР Битола

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден (17.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 78 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 26 платни налози.
Според статистичките показатели, од 347 вкупно исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење предничат така што евидентирани се вкупно 20 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола – 10, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-1. Покрај ова издадени се и 2 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 6 – по основ на зборување на мобилен телефон при возење, откриени се и 21 непрописно паркирани возила.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани