2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Германскиот параглајдерист и кајтсурфер Ралф Гросел од Германија, познат по производство на спортска опрема ја отвори фабриката „Брејнчајлд продукција“ за еколошко производство на опрема за водени спортови во Битола. Тој раскажува дека во Македонија дошол да лета со параглајдер на покана на нашиот светски познат параглајдерист Мартин Јовановски на фестивал во Крушево и многу му се допаднале условите и пределите што ги нуди државата за овој вид на спорт.

„Веќе осум години летам со параглајдер во Македонија. Сум бил во Крушево, Галичица и на други места. Мислам дека државата има одлучни услови за развој на овој спорт. Често доаѓам, а сега со фабриката и онака ќе останам тука“, рече Гросел.

Тој додаде дека на проекти за изработка на опрема за спортови на вода работел во Украина и Кина, но сега сакаат производството за опрема на спортови на ветер и вода да го вратат во срцето на Европа.

„Македоинија е токму во срцето на Европа и видовме голем потенцијал во оваа мала земја. Во рамки на нашата новосоздадена лабораторија со седиште во Битола сме во можност да поставиме нови стандарди во оваа индустрија кои ќе ги примениме во новата фабрика во Жабени со капацитет за 400 нови работни места“, рече Гросел.

Фабриката која првично е сместена во старата индустриска зона во Битола, денес ја посети вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој рече дека е наменета за модерно и еколошко производство на спортска опрема за водени спортови. Инвестицијата на оваа компанија во производство и истражување и равој ќе изнесува 13,5 милиони евра.

„Ќе отвори приближно 275 нови работни места во следните 5 години, а со проектирана цел за 10 години да се реализираат 530 вработувања и 35 нови работни места во истражување и развој“, рече Битиќи.

Тој додаде дека компанијата ќе добие стандардна државна помош и тоа 50 проценти од инвестицијата во истражување и субвенционирање за градењето и креирањето нови работни места. Битиќи рече дека државата поддржува над 600 компании во земјава од кои 98 проценти домашни и 2 проценти странски.

342224209 128366346883145 8604682087659194462 n

Наставничките Гордана Угриновска, Лилјана Јошевска и Фанче Јошевска од ООУ ,,Елпида Караманди"-Битола со генерацијата од второ одделение, традиционално го одбележаа денот на формирањето на првиот партизански одред ,,Пелистер" на 22 април, а им одадоа почит и на борицте од одредот кои загинаа на на 3 мај 1942 година.

Офицерскиот дом во Битола нема да се заградува со никакви огради и ѕидови, посочуваат наделжените. На одредени места, според проектот, ќе бидат поставени  потпорни ѕидчиња во висина од околу 30 сантиметри кои се дел од партерното уредување и за кои е добиено конзерваторско одобрение. Тие се подигаат со цел да биде заштитено земјиштето, а парцелата останува отворена за целата јавност.  Во тек е партерно уредување на просторот околу објектот за што е изработен проект и одобрен од службите за заштита на културното и историско наследство. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани