2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом - КИЦ Битола, со почеток во 19.00 чсаот Државното музичко училиште од Битола  ќе одржи Свечен концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“. Ќе нстапат и уметниците Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола. 

„Пеце Митревски (12.04.1952 Битола - 07.04.2008, Битола) средно музичко училиште заврши во родниот град, а понатамошното школување го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работи во Македонската опера се до 1987 година. После тоа започнува неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за прв пат е отворен отсек – соло пеење. Освен предметот соло пеење, предаваше солфеж и вокална техника, но имаше огромни познавања и од контрапункт и хармонија. Од 1992 година континуирано беше диригент на црковни хорови во Битола.

Митревски ја напиша првата литургија на македонски јазик, со што во 1995 година добива признание за особен придонес во Македонската православна црква. Истата литургија е изведувана во Романија, и во Бугарија, во Рилски Манастир и во Софија во Храмот Александар Невски. Тој го вгради своето дело во многубројните генерации излезени од клупите на музичко училиште. Неговата големина се состоеше во божјата дарба и до перфекција изградениот слух со кој можеше да го насети талентот и да создава уметник. Неговиот раскошен талент не го чуваше само за себе, туку несебично го пренесуваше на учениците, ни го остави нам, како завет да ја продолжиме неговата мисија“, напишаа професорките Вилма Костовска и Маја Митровска. 

 

Во организација на Советот на родители при ООУ „Коле Канински“-Битола во НУУБ „Св. Климент Охридски“,  на 19.04.2023 година се одржа трибина на тема „Избери ја својата професија“ во која учествуваа учениците од деветто одделение. Модератор на трибината беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

Учениците имаа можност да слушнат и да се запознаат со различни професии од различни области, дел од своите биографии и своите професии ги презентираа: Билјана Петровиќ – биотехнолог, Ѓорѓи Мијалчев – информатичар, Маја Стојановска-сметководител, Лидија Павловска – одделенски наставник, Маргарита Камбовска – педијатар, Марта Соклевска – администратор за човечки ресурси, Светлана Глигоровска – педагог и Билјана Врцал Ванчевска – стоматолог.

viber image 2023 04 21 13 45 56 377

Гимназија или средно стручно училиште, медицина, економско, техничка или електро струка. Ова се најчестите дилеми со кои се соочуваат полуматурантите во периодот пред претстојните уписи во средните училишта. Од пресудна важност се детските желби, афинитети, информираноста, но и подготвеноста на самото дете да ја избере својата идна професија. Основното училиште е од голема важност за градење на детската личност, а на оваа трибина се стави акцент на запознавање на некои професии и како да се направи правилниот избор за запишување во средно училиште. На овој начин учениците се стекнаа со „професионална ориентација“, според која ќе можат да ги градат своите интереси и желби за иднината.

viber image 2023 04 21 13 46 14 235

Родителите треба да ги поддржат децата во изборот на средното училиште, а не за нив да го изберат соодветното училиште. Сепак, крајната одлука треба да биде на полуматурантот. Еден од најважните периоди во животот на децата е кога треба да се направи вистински избор каде да се продолжи образованието-истакнаа учесниците.

viber image 2023 04 21 13 46 28 158

- Потребно е родителите подолготрајно да се вклучени во однос на изборите што ги прави детето уште пред конечниот избор. На таа возраст детето најчесто избира под влијание на врснички притисок и влијанието на родителите да биде пресудно при изборот на средно училиште, што е сосема погрешно. Некои родители имаат амбиција и преку посредни и непосредни начини и средства се обидуваат да влијаат врз изборот и уписот во „за нив“ посакуваното средно училиште, притоа не водејќи сметка за способностите и интересите на детето. Затоа, следењето и запознавањето со интересите, вредностите и капацитетите на детето почнуваат уште од најмала возраст, од првите игри и социјализации со околината, од првите адаптации на средината. За детето да донесе правилна одлука, важно е родителите да бидат инволвирани во процесот на донесувањето на одлуките, да советуваат, но не и да одлучуваат и, на крајот, секако, да дадат поддршка - рече д-р Маргарита Камбовска.

Ѓорѓи Мијалчев потенцира и ги охрабри полуматурантите да се запишат во средно училиште каде се изучува информатиката, зашто верува дека младите знаат дека информатичките знаења не се само глобален тренд, тоа се знаења поврзани со иднината на секое општество.

viber image 2023 04 21 13 47 22 513

Претседателката на земјоделското здружение „Современо Земјоделство“ М-р Билјана Петровиќ, а вооедно и член на Советот на родител им објасни учениците за нејзината работа и како нејзините планови и желби за иднина се менувале во текот на нејзиното школување.

- Една од најважните гранки која секоја фирма, компанија, институција треба да ја поседува е соодветното сметководство. Иако навидум ова делува како многу едноставна работа, сепак треба да се има на ум дека од сметководството зависи идната финансиската слика на секоја компанија. Добар сметководител ќе помогне во ширењето на бизнисот, при што внимава на буџетот на секоја компанија. Сметководителот кој да има соодветни вештини, да знае да работи со бројки а и добро да ги познава елементите за бизнисот - рече Маја Стојановска.

- Добри учители се она што ни е потребно повеќе од било што во ова време во кое живееме. Наставничката професија е една од најважните и најубава професија од која зависи во какво општество сакаме да живееме. Затоа што подучувањето е уметност, а учителската професија е општествена привилегија. Добар наставник не се учи, ами се станува низ годините. Доказ за тоа се генерациите кои поминале низ моите клупи. Успешни генерации ученици се резултат на успешен наставник - им порача одделенската наставничка, Лидија Павловска.
Марта Соклевска им го презентираше на учениците својот пат на образование, од ученик со намалено поведение и вљубеник во зборот, јазиците, па сега администратор за човечки ресурси.

Светлана Глигоровска педагог при ООУ „Коле Канински“-Битола објасна за нејзината работа како педагог и им потенцираше на учениците дека секогаш е нивна поддршка и при изборот на нивната професионална ориентација.

viber image 2023 04 21 13 49 28 505

- Избери го патот кој те предизвикува! Градењето кариера е долготраен процес кој бара посветеност, труд и многу работа, но пред сè знаење и искуство стекнато преку професионалниот развој на личноста. Затоа, секогаш избери го потешкиот пат каде ќе треба да совладаш многу пречки и проблеми, да се справиш со многу падови и предизвици, да разрешиш различни конфликти. Така ќе научиш многу, ќе стекнеш нови знаења, вештини и способности кои ќе те одведат до твојата посакувана професија-им порача Билјана Врцал Ванчевска.

- Родителите треба да ги поддржат децата во изборот на средното училиште, а не за нив да го изберат соодветното училиште. Сепак, крајната одлука треба да биде на полуматурантот. Еден од најважните периоди во животот на децата е кога треба да се направи вистински избор каде да се продолжи образованието - истакнаа учесниците.

- Нашето училиште активно зема учество во градењето иднината на своите ученици преку активности во интерес на нивната идна кариера. Уписите во средните училишта наближуваат, а главна тема на разговор меѓу родителите и децата е секако кое училиште да се избере. Тоа не е едноставно, па затоа ја организиравме оваа трибина со цел учениците да имаат навремен пристап до вистинските информации кои ќе им го олеснат изброт - истакна директорката Дијана Христовска.

 

Во холот на НУУБ "Св. Климент Охридски" - Битола, на ден 24.04.2023 година (понеделник) во 11.30 часот ќе биде поставена изложба на 100 книги, стари 100 години од фондот на Библиотеката "АЛБИ" - с. Бабино, Демир Хисар по повод Светскиот ден на книгата и авторските права.

Ве покануваме заедно да го одбележиме Светскиот ден на книгата и авторското право.

Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор - книгите кои се печат на едно време... Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година.

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани