
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 26.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А. Д.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми.
Во пресрет на Денот на ослободувањето на градот – 4 Ноември, општина Битола, подготви програма со различни настани низ кои се презентираат значајните и традиционалните вредности на градот, низ културно – забавни, спортски, литературни, филмски и театарски содржини. Со цел, поттикнување на детската креативност и ентузијазам, какои вклучување на најмладите во празничните активности, четвртоноемвриската програма, содржи програмски содржини и за најмладите.
РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира.
Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола.
Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022г.
Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020г во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.
Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh.
Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022г.
„Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера. Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома“, рече премиерот Ковачевски.