
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 15.12.2022 околу 16.30 во СВР Битола било пријавено дека во двор од куќа во с.Крклино, битолско, сопственост на Т.С.(75) има лице повредено со огнено оружје. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било констатирно дека Т.С., додека ја чистел својата пушка марка „Застава“ во еден момент ја оставил, при што испукала кон помошен објект во дворот, а потоа го повредила А.С.(46) од с. Будаково, кој бил негов гостин. Лицето било пренесено во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР.
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината, Борче Димитровски, ги посетија дел од училиштата, каде утрово имаше дојави за бомби. Во разговор со директорите, се информираа за моменталната состојба во училиштата, каде што полициските екипи веќе вршат проверки. Бојкоски и Димитровски, се во постојана координација и со екипите од СВР Битола.
Во неколку битолски основни училишта утрово имаше дојава за бомби. Тоа се училиштата Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Ѓорги Сугарев, Елпида Караманди и други.

Наставата е прекината, учениците и кадарот евакуирани. Се чека антитерористичка единица од Скопје да направи проверка.
Дојавите стигнаа по електронските мејлови на школите.
