
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Митра Ристевска припаѓа на едно од четирите згрижувачки семејства во Битола. Таа веќе 15 години одгледува дете кое останало без родителска грижа. Во нејзиниот дом е од најрана возраст, сега е средношколец. Митра вели дека кај мајката згрижувач нема разлика дали го родила или само го одгледува детето, вели и љубовта и тагата и радоста се исти за сите деца во семејството.
-Што значи згрижувач? Тоа си пред да го земеш детето, потоа е исто како да си го родилa. Го сакаш и повќе од тоа, затоа што знаеш дека на детето му треба помош и многу љубов. На сите деца им посакувам да најдат семејство, да се згрижат, да бидат сакани, среќени и весели во семејствата, вели Митра Ристевска, згрижувач од Битола.

Во Битола има само 4 згрижувачки семејства, интересот е мал во споредба со соседните општини, каде бројот на вакви згрижувачи е над 30.
-На овие деца потребно им е семејство, потребен им е топол дом каде тие ќе растат. Згрижувачите се нашите херои, а битолчани се познати по својата хуманост, а хуманоста можат да ја изразат на овој анчин, да згрижуваат повеќе деца, рече Лидија Ѓошевска, директор на Центарот за социјални работи во Битола

Министерството за труд и социјала, заедно со СОС Детско село, отпочнаа кампања за поттикнување на хуманоста за згрижување деца и зголемување на бројот на потенцијални згрижувачи под мотото „Подај рака, промени живот стани згрижувач“, а каравнот денеска беше во Битола
-Се надеваме дека преку оваа кампања која е само почеток на нашите напори да се доближи идејата за згрижување и ќе се зголеми бројот на згрижувачки семејства и во Битола, рече Јасминка Кочовска од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Битола
На настанот, свое обраќање имаше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која нагласи дека во државата има 350 згрижувачки семејства кои се грижат за 600 корисници, но сеуште потребата за згрижувачки семејства е голема.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека, развојот на социјалните услуги во локалната заедница и нивната достапност до граѓаните треба да биде постојана заедничка заложба, на сите релевантни субјекти кои делуваат во оваа област.
![]()
-Локалната самоуправа, преку активно делување во делот на своите надлежности, ќе даде свој придонес во идентификување на потенцијални згрижувачи кои ќе обезбедат грижа и заштита на децата и ќе овозможат одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло. Истовремено, се заложуваме за развој на систем на поддршка од други дополнителни социјални услуги кои понатаму ќе се усовршуваат и развиваат, согласно потребите на населението и граѓаните од овој град. , рече градоначалникот Тони Коњановски.
Едно згрижувачко семејство за згрижување на едно дете од државта добива 16.700 денари, за две згрижени деца по 14.500 за секое дете итн. За згрижување лице со попреченост, згрижувачкото семејство добива речиси 20 илјади денари
Под мотото „Мислата е слободна“, а со театарски спектакл „Магбет“на полскиот театар „Александар Вегиерко“ во режија на Грегор Суски, утре вечер од 20 часот во Народниот театар од Битола започнува осмото издание на Битола Шекспир фестивал.
„ Продукција која пристигна од Полска е комплетна, дојдоа со камиони, со опрема, спектакуларно отворање ќе имаме во сабота. Од театарските трупи имаа желба да бидат и оваа година со нас, некои се по втор пат учесници, па сами обезбедија средства да дојдат тука, а на нас остана само само да им обезбедиме хотелско сместување и храна“, рече директорот Иван Јерлиќ.
Во шесте фестивалски денови ќе бидат изведени десет театарски претстави, промоција на книга, а во оф програмата забава со бендови диџеи. Гостуваат театарот „Андон Зако Чајупи“ од Корча, Албанија со „Венецијанскиот трговец“, Градскиот театар од Подгорица , Црна Гора со „Кротењето на фуријата“ во режија на Дејан Пројковски, Imperfect Dancers Company од Италија со „Ромео и Јулија последните часови’’, „Хамлетелиа“ на Кино театар Барати и Каролина Пагани театар Италија, „Хамлет“ Драмски театар од Плевен Бугарија, „Магбет“ како студенстки испит на Факултетот за драмски уметности Скопје и „Бура“ независен проект. Од македонските театри претстава има само Народниот театар од Битола- „History of motherfuckers-Кориолан“на режисерот Андраш Урбан.
„Жал ми е што македонските театри почесто не се зафајќаат со Шекспир, оваа година останавме без ниту една понуда од театар, па и во последните неколку години на македонски театар кој што го поставил Шекпир. Не можам да кажам точно зошто. Можеби короната си го направи свеото и театарите се поретко се зафајќаат со големи продукции зато Шекспир бара присуство на повеќе актери на сцената . Тоа е прашање на репертоарска политика. Ние се трудиме да го имаме барем на секои две години“, додаде Јерчиќ.
Годинва се со преполовен буџет. Ако до пред две години, лани и преклани немаше фестивал поради коронавирусот, имаа 3 милиони денари, сега имаат 1,6 милиони денари. Од нив еден милион од Министерство за култура и останатите од Општина Битола. Но, изразија благодрнмост кон двете институции знаејќи дека ова е време на голема финансиска криза.
„За мене најдлабоката човекова слобода е слободата на мислата. Живееме во несигурно и чудно време во кое е многу полесно да се нема мисла, став и индивидуалност, во кое се почесто е можно мислата да биде полна со сомнеж , страв, затворена, неперспективна. Тоа е се што мислата на еден уметник не смее да биде. Мислата на уметникот мора да биде остра, брза, длабока, полна со фантазија. Таквата мисла ќе биде цврста основа од која може да се создава уметност и ќе одекнува дури и во најнеизвесните времиња“, рече Илина Чоревска.
На крај нагласи: „ Ние уметниците сме должни да се бориме дури и со самите себе за слободата на мислата , а со тоа и за слободата на уметноста“.
