
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 09.06.2029 во 21.40 часот на патот Битола - Ресен, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Ф.(39) од Скопје, со живеалиште во Ресен и Ш.А.(54) од Ресен. При преглед во патничко возило „опел“, управувано од С.Ф., а сопатничка била Ш.А. бил пронајден и одземен хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
И изминатите денови полицијата фати дилер на наркотични средства од Битола, во чиј дом при претрес беше откриен кокаин, а уапсен беше и 21- годишен битолчанец кај кој беше пронајден хероин.
Советниците на денешната седница го изгласаа решението за давање согласност на статустот на новата установа која се формира, поточно Јавната општинска установа Културен и информативен центар. Установата ќе има за цел да управува со дел од култуните објекти и случувања во градот.
Со блокада на една од најфреквентните сообраќајници во центарот на Битола, ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи протестите кои започнаа вчера во Скопје и во уште 10 градови низ дражавата под мотото „Доста е, излези за Македонија“. Во Битола протестот започна во 15 часот на крстосницата меѓу улиците „Никола Тесла“ и „Димитар Илиевски Мурато “ и ќе траеше до 17 часот. Целта е како што велат од партијата, власта да го даде на увид Патокозат во преговорите со Бугарија.
Коментирање на демократски процеси загарантирани со закон и устав, од страна на министер се ништо повеќе од неумесни што значи нема да коментирам, рече министерката за образование Мила Царовска запрашана како ги коментира изјавите на иницијативата ,,Настава и учебници мора да има" дека доколку биде успешен референдумот, а власта тоа го игнорира на есен ќе има бојкот на наставата.
Љубителите на друштвените игри ќе можат да ја користат новата маса со клупи за шах, која е поставена во паркот кај Јени Џамија во Битола.
На иницијативата на Иутекредит Македонија филијала Битола, заменета е постоечката стара клупа за друштвени игри со нова, според Програмата за поставување урбана опрема на Општина Битола, во делот на паркот кај Јени џамија. На примопредавањето во функција на новата маса за шах, градоначалничката Петровска им се заблагодари на претставниците од Иутекредит Македонија и најави можност за следна соработка.
„Во животот убавите нешта лежат во едноставните работи како што е ова денес, кое што и тоа како ја збогатува можноста на граѓаните навистина да уживаат во ладовина и во играта која што е овозможена во овој простор, каде што веќе имаше ваква маса, но забот на времето си го направи своето. Кога зборуваме за урбаната средина, не се важни само големите инфраструктурни зафати. Битно се и ваквите елементи кои што му даваат душа на се друго што правите“ рече градоначалничката Петровска.
Претставниците на Иутекредит Македонија посочија дека ваквиот вид на донации го работат заедно со Пакомак, со цел да се испрати еко порака за селектирање на отпадот.
„Со донацијата сакаме да ја разубавиме средината во градовите каде што имаме експозитури, но и онаму каде што немаме. Среќни сме што Општина Битола ја прифати донацијата, а локацијат на која што е постаена е одлична и се надевам дека многу минувачи и граѓани на Битола тука ќе поминуваат убави моменти“, истакна Јасмина Апостоловска, раководител на одделот за маркетинг во Иутекредит Македонија.
Задоволството беше големо и за случаните минувачи кои веднаш ја искористија можноста за играње шах на новата табла. Оние пак, кои што немаат фигури, истите можат да ги подигнат од филијалата на Иутекредит.