
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син завчера бил физички нападнат од четири лица кои се обиделе да го стават во патничко возило, но биле спречени во намерата од неговит чичко.
Со засилените сообраќајни контроли што на подрачјето на СВР Битола ги спроведе сообраќајната полиција за време на викендот, односно од 11 до 13 јуни, казнети се вкупно 169 возачи. 60 управувале возила без возачка дозвола, 54 со брзина поголема од дозволента, под дејство на алкохол 33 возачи и сите биле исклучени од сообраќај, а 17 возила не биле региструрани, односно им била измината регистрацијата. Пет возачи разговарале на мобилен додека управувале со воизлата. Од СВР Битола инфомираат дека сите се санкционирани
Општина Битола со цел да ги стимулира граѓаните на користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства за велосипеди купени од денот на објавување на повикот во дневен весник и на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk – во делот актуелно.
Повикот ќе биде објавен во среда 16.06.2021 од кога ќе започе и аплицирањето, согласно условите кои ќе бидат наведени во јавниот повик. Граѓаните ќе имаат можност за аплицирање седум работни дена.
Утрово на Комисијата за заразни болести се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни
➡️ Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
➡️ Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
➡️ Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.