
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола вечерва е погодена од силно невреме проследено со пороен дожд и град со големина на орев. Силните врнежи повторно ги поплавија улиците и го отежнаа движењето на пешаците и сообраќајот.
ОУ Даме Груев од Битола, спроведе истражување за онлајн наставата, кое за време на пандемијата од КОВИД-19 беше вистински предизвик, а резултатите од овва истражување, слабостите и предностит е на онлајн наставата, интегрално ви ги пренесуваме
Далматинска песна и специјалитети за Денот на државноста на Хрватска во Битола
Со неколку активности во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше одбележан Денот на државноста на Република Хрватска во Битола, коi ги организираше хрватскиот културен центар и мaкедонско -хрватското друштво “Марко Марулиќ“. Оваа манифестација е резултат на континуитетот на соработката помеѓу Хрватскиот културен центар и далматинската женска клапа Тамарин од Солин како и здружението Солињани. Клапата на почеток ги изведе македонската и хрватската химна, а потоа репертоар составен од композиции во клапски формат и изворни клапски напеви се со цел запознавање на публиката со клапската песна, хрватскиот јазик, далматинскиот дијалект.
На ова одбележување присуствуваше и амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, градоначалниците на општините Битола и Новаци, претставик на општина Солин од Хрватска, членови на хрватскиот културен центар “Бранко Марулиќ“ и други гости, во намален број поради почитување на ковид мерките.
Во име на домаќинот, хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, на гостите им се обрати претседателот на центарот Бранко Маретиќ.
- Ми претставува особено задоволство што можам да ве поздравам во име на хрватскиот центар Марко Марулиќ Битола. Го одбележуваме еден од најважните датуми во хрватската историја. Ден кога хрватското собрание ја изгласа декларацијата за проглаување на самостојна и суверена република Хрватска. овој историски датум е прилика да се потсетиме на значењето на хрватското заедништо и моментите кои сите заедно ги поминавме и нашата Хрватска ја врати својата самостојност и демократија, воспоставувајќи ги институциите кои го зачуваа нашиот народ-, рече Маретиќ.
АмбасадоркатаНивес Тигањ во своето излагање прво им го честиташе Денот на државноста на сите Хрвати во Македонија, а потоа се заблагодари на гостопримството во Битола .
-Мило ми е што сум во Битола еве по втор пат после година и половина. Нашиот домаќин Маретиќ, освен што одлично ги организира овие настани, тој организира намерно и со далматински дух, што дополнително ме мотивираше да дојдам во Битола. На сите Хрвати им го честитам денот на државноста . Овие денови се во знакот на роденденот на нашата држава и како што истакна г -дин Маретиќ, прилика да се потсетиме на се она што се случуваше и денес да го одбележиме.
Се обратија и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андодовска Илијевски, кои го честитаа празникот по повод Државноста на Хрватска.
- Денешното чествување на роденденот на нашата пријателска Хрватска после изминиатиот период од година и половина е радост повеќе.
Верувам и сакам да верувам дека догодина ќе бидеме побројни во оние изданија кои сме ги имале изминатите години.Да живееме со таа верба и љубов помеѓу нашите братски народи и да чествуваме многу посвечено онака како што ние на Балканот умееме-истакна Петровска.
-Ми претставува огромно задоволство и чест што сум дел од една многу убава македонско хрватска приказна. Приказна која започнала одамна во која сум била дел и лично како актер, како публика а денес како директор на Cентарот за култура.
Посебно е задоволството на соработката на Хрватскиот културен центар и Центарот за култура-истакна директорката Илијевски.
Беа прикажани и три кратки филмови од Туристичката заедница на Солин кои и прикажаа на публиката дел од убавините на овој хрватски град, животот во Далмација и обичаите.
Во дел од програмата беше и настапот на новинарката на дневниот весник Слободна Далмација(и членка на здружението Солињани), Миа Сесартиќ, автор на неколку книги за животот во Солин, која на далматински дијалект претстави дел од своите книги, дел од оној далматински начин на живот, облечена во далматинска носија, а прочита и интересни стории за животот во овој град помеѓу двете светски војни.
Членовите на здружението Солињани, облечени во карактеристична далматинска носија, подготвија вкусни далматиснки специјалитети од традиционалната далматинска кујна.
Бранко Маретиќ и претставник на градот Солин доделија и благодарници и статуетки од Солин на хрватската амбасадорка Тигањ, градоначалничката Петровска и директорката Маја Андоновска – Илијевски.
Манифестацијата се одржува во соработка со Центарот за култура Битола, поддржана од Централниот државен уред за Хрватите кои живеат надвор од Р. Хрватска, Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија, Општина Битола, Општина Солин.
На Домот за стари лица во Битола „СЈУ Рајдер“ беше донирана облека, која поради ограничувања на ковид-19 се изврши само до влезната врата од објектот за да не се загрозат животите на постарите граѓани. Втората донација која се состоеше од облека и помош за дом, која беше наменета за семејството Митрески од село Мусинци, кое неодамна го загуби својот дом во трагичен пожар. Исто така во тек е акција организирана преку фејсбук каде веќе има собрани над 4.000 УСД за помош на семејството и се охрабруваат и другите да се вклучат во оваа акција.
Членот на УО на ОМД и директоркта Мери Аутоу од Канада посочи: „Овој проект започна како едноставна идеја – да се испрати облека на оние на кои им е потребна во Македонија, но потоа стана многу повеќе. Поврзувањето со сограѓаните Македонци чија желба е да придонесат за другите, особено во периодот на пандемија, беше инспиративна. Би сакала да им се заблагодарам на многуте Македонци во Торонто кои донираа облека / финансиска поддршка, а особено на Крис и Тина Андоноф за помошта и поддршката. Им благодариме на ПримеПоинт Партнери и ДПД Архангел Битола, за неверојатната работа преземена на другиот крај од овој проект. Се надевам дека оваа иницијатива ги поврза Македонците во дијаспората со Македонците во татковината, на многу подлабоко и значајно ниво“.
Доброволното противпожарно друштво Архангел во Битола изминатата недела покрај оваа акција имаше колективно дарување на крв во просторите на трансфузија во Битола и уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Маја Сталеска од ПримеПоинт Партнери ни посочи дека: “Оваа акција е само мала искра на големата желба на нашата дијаспора да им помогне на луѓето во Македонија, и ние бевме многу среќни што бевме дел од неа. Им благодариме и на Царинската Управа за поддршката во процесот на документација за донацијата“.