
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Признанието библиотекар на годината „Павлина Цунева Маказлиева“ за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност од јавните библиотеки, за 2020 година ѝ се додели на м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар во НУУБ "Св. Климент Охридски", Битола.
Имаше 16 критериуми по кои се водеше стручната жири комисија за доделување на наградата, а Бајрам Аземовска ги исполнуваше сите. Еве дел од критериумите: број на реализирани проекти во библиотечно- информациската дејност, користење на информациска и комуникациска технологија во ширењето и збогатувањето на библиотечните услуги, континуитет во унапредувањето на библиотечно информациската дејност, поттикнување навики за читање кај децата, број на објавени научни и стручни трудови од областа на библиотекарството и друго.
Таа беше првиот магистер по библиотекарство во земјава, која постипломските студии ги заврши со оценка 10 на Педагошниот факултет во Скопје. Како вработена во Битолската библиотека вклучена е во многу активности, истражувања, а секојдневно придонесува и за популаризација на книгата и Битолската библиотека.
КУД Илинден Битола на 20 јули, во неделата, ја започна своја концертна сезона со големиот концерт кој се одржа во прекрасниот амбиент на Пациото на Завод и Музеј Битола и на кој настапија над 140 членови од овој ансамбл.
„Графопрес“ е списание на графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Првиот број е издаден во февруари 1998 година. Го подготвуваат учениците од графичката струка заедно со наставниците по графички стручни предмети. Тие се автори на прилозите, илустрациите, фотографиите, кориците, компјутерската обработка и сл., а првите броеви комплетно ги печатеа и доработуваа во графичкиот кабинет на училиштето.
Неодамна беше издаден новиот број на списанието во печатена верзија, а од денес активна е и неговата веб верзија. Редакцијата на списанието истакнува: „Списанието „Графопрес“ е огледало на активностите и креативноста на учениците и наставниците од графичката струка. Тоа е нешто со што навистина се гордееме, особено затоа што од овој број „Графопрес“ е достапен и со свој меѓународен стандарден сериски број т.е. ISSN, со што станува посериозно гласило, но и со своја веб страна https://grafopres.mk што овозможува поголема достапност, особено помеѓу помладата популација каде предност имаат електронските медиуми. Содржините во дадените рубрики ќе ги задоволат и најљубопитните кои се расположени да научат нешто ново, но и да се забавуваат, на наш, графички начин. Се надеваме дека задоволството додека се чита нашето списание ќе биде барем половина од она што ние го имавме додека го подготвуваме, а тоа ќе ни биде мотив и следниот број што поскоро да ја види светлината на денот.“
„Графопрес“ бр,8/2021 ги содржи рубриките: Старо ново во нашето маало, Огледало на душата, КултуРАпорт, Наши графичари-креативци, Тиин манија, Едукативни работилници, Графопрес галерија, Ѕвездите зборуваат – Графо-хороскоп, Инфо-граф, Графо-пракса, Интервју, На тема, Квиз, Графо-математика, Еко-граф, Графо-крстозбор, (Во)спортот на светот и Графо-забава (музика, графички лавиринти и дополнувалки).
Минато време...
Еден убав сончев ден многу одамна, се собрале граѓаните на Вавилон, па заеднички и сложно, се договориле да изградат некој многу голем објект, некоја многу висока градба - кула, со чија помош ќе се искачат високо горе во небото, за да бидат равни на Бога, или (барем), блиску до Него. Се собрал многу народ и многу мајстори од сите страни и од сите делови на Вавилон. Лесно се обединуваат луѓето, ако имаат заедничка идеа, ако ја имаат истата цел. За градба го одбрале најприкладното место, најголемата равница. За главен мајстор го одбрале најдобриот. Знам, звучи невероватно, и знам дека малкумина од нас веруваат дека некогаш имало и такви времиња, кога ете, се одбирале НАЈДОБРИТЕ... Како и да е, кога биле сигурни дека имаат с`е што им е потребно - ја започнале градбата. Работеле дење и ноќе, без прекин, без чувство на замор. А за градежен материјал користреле само, камен, малтер, пот и солзи...
Кулата почнала да се виши с`е повисоко и повисоко, се пробила и над облаците, високо во небото... Стотици пати сонцето го прошетал својот вообичаен пат од исток кон запад, и исто толку пати месечината, (длабоко во ноќта), им била главен светилник при работата. Се раѓале нови деца, а „заминувале” најстарите. Се менувале генерации и генерации,......градбата не смеела да запре...
Кога идеата Ви е неповторлива, а желбата бескомпромисна, ништо не може да Ве спречи !
Сегашно време...
На југо-западниот раб на пелагониската равница, во прегратките на магичната Баба планина, се наоѓа битолскиот Вавилон. И тука многупати се собирале мајстори, и тука многупати народот се обединувал, и многупати почнувале да градат. Многу изградиле, но многу, и не изградиле. А можеби и не ги одбирале најдобрите, како некогаш во стариот Вавилон ? Не знам. Знам само дека НАЈДОБРИОТ може да биде доволно сугестивен за да мобилизира и регрутира граѓани. Лесно се обединуваат луѓето, ако имаат заедничка идеа, ако ја имаат истата цел.
Можеби граѓаните битолски и не биле толку многу сплотени и сложни како оние во Вавилон ? И тоа не знам. Ама знам дека во ова денешно - модерно време, граѓаните с`е повеќе знаат што сакаат и с`е повеќе се свесни што треба да добијат. Секојдневно слушаат како други населени места напредуваат и се модернизираат, секојдневно гледаат како други урбани единици прогресираат во секоја сфера на живеењето и на секое друго поле. Ох, мачно и неподносливо е чувството на потчинетост и инфериорност, затоа што генетскиот код во овој дел од пелагониската рамница од секогаш бил, и за секогаш ќе остане – СУПЕРИОРНОСТ! А мене, единствено нешто што ми дава супериорна самоувереност и безмилосно ме гордее, е светлината во очите на моите сограѓани. Ете, од каде треба да започнеме ! Таа светлина ќе ни го покаже патот по кој треба да кинисаме...
А во одсјајот од светлината од очите на моите сограѓани, (како со краснопис), на битолски јазик е запишан заветот на старите вавилонци:
Кога идеата Ви е неповторлива, а желбата бескомпромисна , ништо не може да Ве спречи !
Со почит,
Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски
За само два дена во контролите на сообраќајната полиција констатирани се вкупно 231 прекршок што ги направиле возачите на порачјето на СВР Битола.