
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На неколку часа пред натпреварот на ЕУРО 2020 помеѓу Македонија и Украина, атмосферата во Букурешт е вжештена. Голем број Македонци заминаа за Романија да ја бодрат од трибините македонската репрезентација. Навивачките табори, меѓу кои најмногубројни се битолчани, се вистински хит во Букурешт, каде од синоќа се веат македонски знамиња, се пеат македонски песни, се играат македонски ора, а ечи и „Битола мој роден крај“.
Бројни телевизиски екипи ги снимаат македонските навивачи низ главниот град на Романија, а нашите кои заминаа да го следат овој важен натпревар за Македонија, велат дека доживувањето е исклучително.
-Атмосферата е подигната на највиско ниво, спремни сме да им дадеме поддршка на нашите репрезентативци, а ова е доживување кое ќе го паметам целиот живот, вели битолчанец кој вчера замина за Букурешт.
Натправерите на ЕУРО 2020 можат да ги следат вакцинирани граѓани или пак со негативен ПЦР тест, кои добиваат алки како доказ за тоа.
Багодарние на нашите сограѓани кои се дел од фудбалската еуфорија во Букурешт, на читатлите на апла.мк им ја пренесуваме атмосферата од Букурешт преку неколку аматеркси видеа и фоторгафии. На првиот натрпеавар на трибините имаше над 4000 македонски навивачи, денес се очекува поголема бројка
Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:
- Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.
- Исто така од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.
- Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.
- Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.
- Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.