2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Комисијата за заразни болести на  состанокот утрово предложила полицискиот час од  среда, 28 април да почнува во 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, информираше МИА.

Исто така, Комисијата предложила   да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, која за него треба да одлучи на седница.

Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Дали рестрикривните мерки и полицискиот час ќе бидат продолжени и следната  недела,  се очекува Комисијата за заразни болести утре да ја донесе одлуката. Министерот за здравство Венко Филипче, апелира на одговорно однесување пред и за време на празниците.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Битола на својот ФБ профил објави видео  и текст во знак на  поддршка на протестот кој денес се одржува во Скопје, со кој се бара слобода за уставобранителите, како што ги нарекоа осудените лица за настаните во Собранието од 27 април 2017

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест!“ пишува на ФБ на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

Од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ денеска го покажа своето виситнско режимско и насилничко лице. 

"Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад насилството, зад осудените насилници. Луѓето кои вооружени, жедни за крв упаднаа насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да убијат пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители. Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо зад правдата, зад граѓаните, застанаа зад лица осудени за тероризам. Денеска и пратениците од Битола, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта - да бранат криминал и криминалци.Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ангелевска и Лозановска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство. Тоа е се што граѓаните на Битола гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници", рече Невена Димовска, портпарол  на СДСМ-Битола.
 
 
 
 

 

Дефокусирање

Април 25, 2021

Пишува: Александар Литовски

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола ќе се движи од 5 до 18 степени

Денеска во Битола се регистрирани 44 новозаболени, а оздравени 67 пациенти, а починале 2 лица на 79 и 85 години.  Активни се 1183 случаи. Во КОВИД центарот во Клиничката болница во Битола, хоспитализирани се 124 пациенти.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани