АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хотелот „Молика“ на Пелистер испрати опомена пред раскинување на договорот до фирмата која ги снабдувала со млечни производи, откако минатата недела лице сместено таму во државен карантин се пожалило на квалитетот на млечниот производ.
„Во хотелот беше испорачан пакуван прехрамбен производ кој не беше во исправна состојба и го утврдивме тоа по отворањето. Од наша страна беше направен записник од фактичката состојба и писмено региравме до производителот и добавувалчот со кој имаме случено договор за добавување на млечни производи во хотелот. Нивниот пропуст се одрази врз нашиот имиџ и на нашите гости. Дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропусат“, рече Никола Каровски, извршен директор во „ЕЛЕМ Турс“.
Во земјава има вкупно 500 пациенти оздравени од коронавирусот, а само денеска се регистрирани 126 оздравени.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
- Скопје 3
- Куманово 8
- Прилеп 2
- Струга 2
- Велес 2
- Гостивар-1
- Виница 1
Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба, информираа од Министерото за здравство.
Откриен несовесниот возач од вчерашниот инцидент со рампата за дезинфекција, соопшти на својот фејсбук профил градоначалничката Наташа Петровска.
Здравствени работници се скоро половината од заразените пацинети со КОВИД-19 регистрирани на територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола. Според информацијата објавена од Центарот, до вчера на територијата на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар замени за испитување се вкупно 239 брисеви, од кои 20 лица се позитивни на коронавирусот. Од нив 17 се од Битола, едно од Демир Хисар и 2 од Кичево. Од вкупниот број на потврдени случаи 9 лица се здравствени работници или од тие 20 дури девет.
Во врска со случајот кој е во Битола дијагностициран, а кој неколку дена лежел на Интерното одделение има информации дека бил во дел за изолација. Но, има неколку различни ставови и мислења, тој случај ќе го истражи Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште во следните денови. После направениот увид во целата ситуација ќе излеземе со соопштение", рече министерот за здравство Венко Филипче.
Пациентот беше примен во Болницата на 10 април, следниот ден му беше земен брис, а резултатот беше готов вчера. На социјалните мрежи имаше реакции дека долго време се чекал резултатот што во ризик ги довело медицинските лица кои го лекувале пациентот. Директорката на Болницата денес изјави дека било постапено според протоколите и самата го повика Државниот санитарен инспекторат да го провери случајот.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Могила Оливер Ристески си поднесе оставка откако деновиве МВР во својот Билтен објави дека бил затекнат како се движи од селото Древеник до Долно Српци во полициски час без дозвола и како со други лица влечат исечени дрва во трактор. Иако и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој е од истата партија со него, на прес конфреренција потврди дека таков настан имаше, Ристески изјави дека против него се води политичка хајка, а потоа си даде оставка.
Васко Ковачевски е избран за шеф на Регионалниот изборен штаб за претстојните парламентарни избори за изборната единица пет. Оваа одлука на 9 април ја донесе Централниот изборен штаб на владеачката СДСМ, дознава Апла.мк.