АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реконструкција на влезот на Битола од страната на Охрид кон Довлеџик, како и на потегот од Трново до Магарево. За ова се обезбедени средства со ребалнсот на буџетот на Општина Битола, во чии рамки беше направеа промена на неколку развојни програми. Со нив освен влезот и патот во Подпелистерието опфатени се и реконструкција на Индустрискиот пат, улицата „Втори Август“ за која се чека одобрување и парнерно уредување на Офицерскиот дом.
“Сите тие се влезени како развојни програми за кои од буџетот ќе се трошат средства и оваа и следната година. Влезот ќе се подели во две фази, едната од кадешто завршува Довеџик до мостот, а потоа од мостот до влезот кон Пелистер. Тој дел во следниот период убедени сме дека ќе се направи бидејќи се при крај сите постапки“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.
На денешната седница на Совет опозицијата критикуваше дека власта се фали со изградба на патишта, а има слаба реализација во сооветните ставки.
„Ветуваа дека ќе изградат 120 улици во Битола, а одржување и заштита на локални патишта и регулација на сообраќај само 18 проценти реализација на програмата. Програма изградба на јавно осветлување само 4, 02 проценти, Програма изградба на системи за водоснадување 1.9 проценти, Програма изградба и реконструкција на локални патишта и улици 13,19 проценти. Со ребалансот се прават дополнителни нелогичности. Во делот на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 13,19 проценти реализација, а со ребалансот дополнителни 12,9 милиони денари се предвидени. Се обидуваат преку измени на бројките да ја избегнат одговорноста пред граѓаните, а уште понелогично е што планираат да градат патишта и улици, а во Програмата за изградба за системи за водоснабдување намалуваат. Како планираат да градат нови патишта без да градат системи за водоснабдување“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалничката Наташа Петровска запрашана од новинарите за обвинувањата на опозицијата дека не виделе багери да го раскопаат градот, рече дека тоа што не гледат е нивен проблем. Но, факт е дека имаат реализирано еден милион евра во инфраструктурни зафати.
„Денес со ребалансот на буџетот се лоцирани средства дури и за реконструкција на патот на потегот Трново-Магрево што е над 25 милиони денари, за што градежната дозвола е веќе извадена. Досега имаме релизирано ифраструктура над 1 милион евра , но дел од тоа не е влезено во денешниот квартаен извештај зашто оние кои се извршители на работните обврски ги немаат доставено фактурите. Секаде каде што влеговме со инфраструктурни зафати во изминатиот период, реакцијата на граѓаните е дека тоа не е направено по 30 до 40 години. Опозицијата имаше време 12 години да направат нешто повеќе за Битола, па немаат кредибилитет, ни легитимитет да зборуваат уште повеќе за нашиот град“, рече Петровска.
Заврши реконструкцијата на првата делница од улицата „Илинденска“ во должина 200 метри, покрај Еврејските гробишта, соопштија од Општина Битола.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, а од страна на изведувачите и надлежните лица од Општината за овој проект, беше информирана дека асфалтирањето ќе биде изведувано по делници, онака како што се комплетираат сите активности.
Целосната конструкција на улицата „Илинденска“ во Битола во должина од 2131 метар е инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, од кои 530.000 евра општински средства. ЈКП „Водовод“ е задолжен за изведба водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ за канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва, по седницата за избор на новата Влада во Собранието на Република Северна Македонија даде изјава за медиумите во кои ги наведе вредностите и принципите од кои ќе се води новата Влада во следниот четиригодишен мандат.
Треба да имате доблест и да им се извините на граѓаните за финансискиот колпас во битолското образвание. Училиштата имаа долгови од 4,4 милиони евра која ги плати оваа власт, му рече советниката Емилија Костурска на Ивванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ, која на денешната седница на Советото на Општина Битола, предложи со пари од Буџетот на Општина Битола да се набават електронски помагала за 11 илјади ученици во основните и средните битолски училишта
Советникот од Поинаку Иван Чулакоски на последната седница на Совет побара да се санира проблемот на улицата „Васко Карангелевски“, велејќи од говорница дека таму „во 21 век извираат лајна“ и „посовреме треба да се реагира дури не се испокакаме сите“.
Математичко-статистичките анализи на универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски, покажуваат дека деновиве опаѓа бројот на новозаболени од КОВИД-19 во земјава, а опаѓа и просечната вредност на факторот на преносливост на вирусот. Еве ја неговата денешна анализа
Специјалистот по интерна медицина доктор Кире Доновски од Болницата во Отешево, кој пред неколку недели работеше и во ГОБ „8 Септември“, деновиве со планот за ротација помага и во Ковид одделот при Клиничка болница во Битола. Тој на својот фејсбук профил им се заблагодари на колегите од Болницата за колегијалноста, приемот и целокупната соработка во борбата со ковид 19 пандемијата. Но, упати јавна критика кон младите зашто не се придржуваат кон мерките за заштита од болеста.
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и министерот за локална самоуправа Горан Милески, денес извршија посета на градежните активности кои се во тек во Офицерскиот дом.
Градоначалничката Петровска, го информираше амбасадорот Жбогар, дека имајќи ги предвид сите околности во кои се одвива реконструкцијата, а кои се поврзани со состојбата со корона вирусот во светот, задоволна е од динамиката со која се реконструира овој објект од големо културно – историско значење за Битола.
„Македонија ќе биде успешен пример во елиминацијата на вирусните хепатити гладејќи партнерство во сузбивањето на болеста со експертската заедница и во соработка со цивилното општество“, рече обраќајќи се преку интернет врска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Неговото обраќање е продолжеток на конференцијата што вечера на Светскиот ден за борба против хепатитот се одржа преку интернет врска меѓу многу здравствени експери во светот, а во организација на Хепар Центраот од Битола.
„Република Северна Македонија ќе биде одличен пример за многу земји во различни региони применувајќи иновативни решенија за лекување на ХИВ и третман на хепатитите. Новата програма за вакција протиов хепатит Б има постигнато резултат на 95 процентна заштита. Тоа е сигурна заштита на идните генерации од хепатит Б и компликациите од него од цироза и рак“, рече Клуге, поздравјувајќи ги здравствените власти во земјава и министерот Венко Филипче за издвоениот буџет за набавка на нови лекови за третман на хепатитот Ц.
Вчера на меѓународната конференицја на која се обратија екперти од повеќе делови на светот и земјава беше отпочната кампањата за рано тестирање, лекување, вакцинирање против хепатитис. Беше кажано дека повеќе тестирање, вакцинација и лекување спасуваат животи и ги намалуваат ризиците од рак и цироза за генерациите што доаѓаат. Хепатитис Ц со новите терапии може да лекува во рок од 12 недели.
Министерството за здравство обезбеди буџет и набави одредена количина на најнова иновативна терапија за пацинетите со хепатит Ц, соопштија од Хепар центaрот од Битола на денешната прес конференција по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.
Спроведувањето на прекуграничните проекти одеше отежнато поради пандемијата со ковид-19, а особено во периодот на карантини, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Битолскиот етнолог Кирил Танчевски, еден од столбовите на „Илинденски денови“, сега покоен, во 2011 година за време на Фестивалот имаше изјавено дека пред 20 години во Институтот за фолклор оставил 7 илјади метри снимена лента со изворно народно македонско творештво. Тогаш се пожали дека материјалот не беше обработен. Се работеше за снимени приказни, народни поговорики, досетки, песни и друго усно творештво снимено од сите делови на државата, кое низ годините исчезнало и скоро е невозможно да се чуе и евидентира денес низ македеонските села. Со ваквиот пристап, како што рече Танчевски, се осиромашуваше народното културно добро во земјава.
Со три концерти на познати македонски етно бендови „Локум фест“ со 14 издание ќе ја отвори сезоната за концерти во Битола по ковид-забраната. Од утре до петок во Пациото на Завод и музеј во Битола со почеток од 21 часот ќе настапат: на 22 јули „Чалгија саунд систем“, на 23 јули „Баклава“ и на 24 јули „Љубојна“. Концертите ќе се одржат строго по протоколите за заштита од ковид-19, а влезници можат да се набават по 100 денари за првите две вечери и 150 за завршната вечер во „Култур кафе“ во Битола, најдоцна два часа пред одржувањето на настаните. Средствата од влезниците се наменети за трошоците од организацијата на Фестивалот