АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна исплатата на парите од повратот на ДДВ за сметките скенирани во последните три месеци од минатата година. Над 6 милиони евра се враќаат кај граѓаните. Сите битолчани кои скенираат сметки,добиваат дел од ДДВ-то што го платиле, со што се зголемува буџетот на секое семејство и продолжува битката со сивата економија. По овој основ, лани граѓаните добиле назад над 16 милиони евра.Повратот на дел од ДДВ-то е наше исполнето ветување кон граѓаните, изјави Елеонора Илиевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола.
Таа рече дека еднакво значајни се и економските мерки кои Владата предводена од СДСМ ги креира изминатава година, со цел надминување на последиците од корона кризата. Над 1,2 милијарди евра изнесува поддршката од државниот буџет што Владата предводена од СДСМ ја насочи кон граѓаните и стопанството за да се обезбеди одржливост на економијата, за да се спасат работни места и човечки судбини.
„Во рамките на четирите пакети за помош, стотици битололчани добија финансиска поддршка за да ги надминат предизвиците што ги предизвика кризата. Битолски спортски клубови искористија ваучери, битолски фирми добија поддршка за исплата на плати, наши сограѓани занаетчии, уметници, средношколци, студенти, пензионери, активни баратели на работа, невработени, естрадни уметници.... добија платежни картички. Сите субјекти погодени од кризата кои ги исполнуваа критериумите, добија поддршка. И ќе добијат пак. Тие и други целни групи за кои ќе се утврди потреба од интервенција. Во подготовка е петтиот сет мерки за поддршка на стопанството, со што СДСМ уште еднаш потврдува дека е тука за граѓаните на Битола, на Северна Македонија“, рече Илиевска.
Таа додаде дека освен Владата, и Општина Битола презеде чекори за помош на можеби најпогодениот сектор – угостителството. Советот на Општина Битола донесе измени на Одлуката за утврдување на комуналните такси со што деловните субјекти беа целосно ослободени од плаќање на комунални такси за поставување на урбана опрема пред деловните простории за времетраењето на вонредната состојба. Потоа, до 15 ноември износот на комуналната такса беше намален од 15 на 5 денари за метар квадратен, а мерката со одлука на Советот на Општина Битола ќе важи до 15 април годинава.
Склучен е договор за реконструкција на спортски терени во ОУ ,,Тодор Ангелевски“ во висина од 3 771 417 ден.
„Вложувањето на локалната самоуправа во спортската инфрастурктура продолжува. Тоа е најважната форма на влогот во спортот за секоја општина. Изградбата на спортски терени е основа за развој на домашни таленти и рекреација на граѓаните“, напиша градоначалничката Наташа Петровска на нејзиниот фб профил.
Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари,напиша Филипче на неговиот фб профил.
Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен. Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.
Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2, напиша министерот Филипче ма неговиот фб профил.
Завод и музеј од Битола го реализираше првиот меѓународен вебинар „Допир на уметноста"кој имаше за цел вклучување на слабовидите и слепите лица во музеите. Оваа интернт средба на едно место ги собра химаните културни работници кои подолго време работат да им ја доближат културата и уметноста на лицата кои не можат целосно да ја доловат преку сетилото за вид.
На првиот литературен конкурс за краток расказ „Раскажувам фотографија“ објавен од Фондот на Холокаустот, битолската писателка Светлана Папачек ја освои втората награда со расказот „ Ja vjeni dies“ или „Идат денови“ напишан по иснпирација на сефардска песна. Од жирито соопштија дека Папачек е наградена за моше сугестивно раскажаната трагична приказна при што книжевниот сентимент не преминува во патетичност.
Првата награда ѝ припадна на прозата „Ѕвездата“ од Михајло Свидерски поради драматиката на текстот набиен со внатрешен интензитет и остварена со врвна книжевна едноставност.
Третата награда ѝ се доделува на книжевната творба „Металарот“ на Габриела Стојаноска-Станоевска за квалитетото литераризирање и на еден мотив (и професија), кој израснува во крупна драматична метафора.
Наградените три раскази ќе бидат објавени на нашата ФБ страна.
Да ѝ се даде шанса за живот на независната културна сцена од внатрешноста во државата, апелираше преку пост и видео обраќање на социјалните мрежи сопственичката на Интимен Театар Софија Ристевска- Петрушевска до Министерството за култура. Постот напиша дека е мотивиран од страв додека културните работници чекаат Министерството за култура да ги објави резултатите кои проекти ќе добијат финансиска поддршка од државата за годинава.
Нереален и предимензиониран е Буџетот за 2021 година. Вака советникот од ПОДЕМ, Никоче Јанкловски, на прес конференција денеска го оцени Буџетот што го изгласа мнозинството од власта вчера по 5 и пол часовна дебата во Совветот
Во светиот град Ерусалим има улица која го носи името по битолската партизанка Естреја Овадија-Мара, национален херој од времето на антифашистичката борба. Податоци за овој куриозитет на фејсбук групата Стари биточани напиша битолчанецот Димитар Поповски. Тој објави и фотографија од улицата на која на хебрејски пишува „Улица МАРА - Партизанско име на Eврејката Естреја Овадија. Народен херој на Југославија. Загина во борба. 5682(1922)-5704(1944)“.
Редакцијата на Апла.мк го контактираше Поповски, кој е израснат во Битола, но повеќе од 10 години живее во Гетеборг, Шведска каде работаи како советник за истражувачки податоци на Шведската служба за податоци при Универзитетот во Гетеборг.