2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шо рече

Значителен број од пациентите по прележан Ковид19 имаат потреба од физикална рехабилитација поради намалена физичка кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност и намален  квалитет на живот, истакна асс. д-р Билјана Калчовска од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во неделната онлајн дискусија која ја организираше Лекарската комора на тема „Рехабилитација на пациенти по прележан Ковид19“. Настанот и оваа недела го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека пост-ковид компликации се јавуваат на различни системи на човечкиот организам и дека тие бараат понатамошен стручен третман и лекување.

Војната и диктатурата никогаш да не се повторат, мораме со сета сила да се ангажираме за демократија и толеранција внатрешно, а надворешно, за разбирање и помирување, кажа германската амбасадорка Анке Холштајн на одбележувањето на 103-годишнината на Денот на помирувањето во Првата светска војна. Заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и други дипломатски претставници, таа денеска присуствуваше на комеморацијата на француските воени гробишта во Битола и на германските во Прилеп.

 

„Денот на народната жалост е симбол на сеќавање и момент за размислување, емпатија и опомена, разбирање и помирување. Тој е мост кон заедничка мирна иднина на Европа. Заедно се залагаме за тоа што ја прави Европа: мирен, конструктивен, солидарен соживот на народите во Европа во интерес на нашата иднина“, рече Холштајн.

Амбасадорите положија цвеќе на гробиштата каде што се наоѓаат посмртните останки на илјадници војници, учесници во Првата светска војна. Бомгартнер потсети дека пред повеќе од еден век, на ова тло се бореле речиси 400.000 француски војници, а над 70.000 никогаш не се вратиле дома. Загинале во битките, многумина биле погодени од болести, но војната одзела и многу цивилни жртви од овој крај. Битола била на линијата на фронтот, подложена на секојдневни бомбардирања.

 

„Помирени сме врз основа на овие заеднички страдања, во помирена Европска Унија, која продолжува со своето обединување. Минатото и сегашноста треба да ни помогнат да изградиме подобра заедничка иднина. Тоа е смислата на соработката што се обидуваме да ја воспоставиме во Северна Македонија, со цел нејзино неодминливо враќање во европското семејство“, порача Бомгартнер.255591991 604759867615490 7101539911484002991 n

255377174 256326539887474 5367700104689321279 n

256458517 1025404921368525 8899458609289223007 n

Пораки  до верницте да се откажат од гордоста упати митрополитот Петар во говорот по светата литургија што се одржа на големиот христијански празник Митровден во храмот „Св. Димитриј“ во Битола, а со која беа одбележани и 40 години архиересјка служба на г.Петар и 75 години од неговото раѓање. 

„Да се ослободиме од нашата гордост зашто Господ рекол дека гордите не ги поддржува, против гордите е Господ, а гледате, многумина што беа горди во нашаето општество кога мислеа дека стојат паднаа. И ние ако мислиме дека стоиме цврсто, ќе паднеме“, порача владиката.  

На свечената литургија во цркавта „Св. Димитрија“ во Битола служеше и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, како и други владици. 

 

 

Домувањето и неможноста за економска независност се едни од клучните проблеми поради кои жртвите на семејно насилство не се одлучуваат да го напуштат насилникот, посебно ако имаат и малолетни деца, покажа истражувањето на Здружението за еднакви можности „Семпер“ од Битола. Со истражувањето „Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство“ беа интервјуирани и жени кои го напуштиле насилниот партнер, граѓани, како и институции кои се занимааваат со оваа проблематика.

„Јас сум битолчанка и израсната сум со овој фестивал, кога уште како многу малечка доаѓав на проекциите и тогаш не ги разбирав филмовите кои се прикажуваа на „Браќа Манаки“, но тоа беше големо доживување за мене кое продолжи и во средношколските денови кога испуштав часови во училиште за да гледам проекции. Мојата генерација порасна со овој фестивал, јас сум емотивно врзана за него и вчера имав малку трема, но се чувствував како дома“, рече режисерката Марија Апчевска, чиј краткометражен филм „Северен пол“ вчера премиерано беше прикажан на Фестивалот во Битола.

Интернационалното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција на годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде предводено од Суки Меденчевиќ (Suki Medenchevich), американски кинематографер со потекло од Босна и Херцеговина. Меденчевиќ, меѓу останатите педесетина филмски проекти во неговата досегашна кариера, е кинематографер на филмовите „Големата вода“ и „Берлин проект“ на Иво Трајков и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски.

Градоначалникот Кузманоски беше домаќин на делегација од Сакарија, Р.Турција предводена од Г-дин Ахмет Копрулуоглу , сопственик на компанија за производство на гума и пластика стационирана во Сакарија, регион Мармара.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски, денеска се сретна со битолските пензионери и со нив разговараше за подобрување на условите за живот на оваа категорија граѓани

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани