2win800x200

Шо рече

Коментирање на демократски процеси загарантирани со закон и устав, од страна на министер се ништо повеќе од неумесни што значи нема да коментирам, рече министерката за образование Мила Царовска запрашана  како ги коментира изјавите на иницијативата  ,,Настава и учебници мора да има" дека доколку биде успешен референдумот, а власта тоа го игнорира на есен ќе има бојкот на наставата. 

 
,,Моја обврска е да одговорам до каде се реформите во образованието. Сите процеси зацртани согласно планот за реализација на новата концепција за основно образование се спроведуваат во дадените рокови. Концепцијата е донсесена. Наставните програми  за прво одделение се донесени и објавени, исто и за четврто одделение. Повик за пишување на наставни материјали за прво одделение подготвени за прва тема и следуваат другите теми, значи оди цел систем на илустратори , автори за да може да влезат во печатење. Истото се однесува и за четврто одделение. Селекцијата на автори беше направена, а повиците за компании кои треба да ги дигитализираат дел од содржините е јавно достапен и селекцијата треба да се случи. Целиот тој процес во текот на летото да биде подготвен и во септември со нов концепт за прво и четврто одделение да ја стартуваме учебната година", рече Царовска. 
 
Таа додаде дека има  и повик за компании кои ќе работат на ниво на цела држава за обновување на кабинетите за приридни науки, во кои  немало инвестиции години наназад.
 
,,.Тоа ќе започне во септември, а до крајот на декември ќе ги имаме опремени сите училишта со кабинети, витрини, зависно од големината на училиштето и потребите", рече министерката. 
 
Дали учениците ќе се вратат во училиштата со физичка настава наесен, Царовска рече дека ќе зависи од здравствената состојба. Во однос на свидетелствара напомена дека се бесплатни и да не им се бараат пари на учениците по училиптата за нивна набавка и печатење. 

Во Битола на 08.06.2021 ВМРО-ДПМНЕ организира протест со блокада на кружниот тек кај Безистенот. Протестите ќе бидат од 15 до 17 часот. Протестираат со барање Владата јавно да го објави, како што стои во нивната објава  „таканаречениот 'патоказ' за преговорите со Бугарија''. 

Блокади на крстосници ќе има и во Скопје и уште 10 други градови низ земјава. Како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, протестите се единствен начин да се спречи барањата на Бугарија да станат дел од преговарачката рамка со ЕУ и на тој начин проблемот што го имаме со Софија да стане проблем со ЕУ.  Мицкоски рече дека тоа го дознал од високи дипломатски извори од Брисел и Софија.

 

Новиот предлог Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ технологијата, во која живеат младите, изјави пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска- Стојчевска. 

Во ВМРО-ДПМНЕ во тек е анкета на десетина имиња од кои ќе се избере кандидат за градоначалник, рече денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој имаше средби со битолските стопанственици и граѓани. Тој не спомена кои имиња се дел од овие анкети, но рече дека се анкетираат не само партиски, туку и непартиски личности, но луѓе со десничарски погледи.

„Дали само вие имате право да се сликате со лидери, да одите по партиски митинзи и манифестации, а другите граѓани не смеат“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ-Битола на вчерашната изјава на Елизабета Наумовска, претседателка на Комисијата за образование во СДСМ дека позади фб групата која повикуваше на бојкот на наставата стои ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од Битола денес објави фотогрфија на која вели дека е фотографирана Драгана Спасевска, предводничката на Фејсбук групата “Учебници и настава мора да има”, на завршниот митинг на ДПМНЕ во Охрид, на 21 октомври 2016 година. Според денешната изјава на Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола, пагаат маските дека позади иницијативата што ја предводи Спасевска не стои политичка партија.

На прашањето како ги доживеа нападите за црвенито чадор во тоалетот на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, директорката Билјана Гагчовска, во интервју на ТВ Тера во емисијата Директно, рече дека еден ден, во подобри времиња, ќе го врами црвенито чадор, како симбол за едно време кога во болницата ништо не се направило, поради што била принудена во краток рок со поддршка на Општина Битола да овозможи елементарни услови за пациентите.

Веројатно на заменичката на градоначалничката и падна тешко да се бори со отпорот од родителите и наставниците кои ја согледаа вистината,стои во реакцијата на ВМРO-ДПМНЕ од Битола на вчерашаната изјава на Емилија Костурска, член на Комисијата за образование на ОО на СДСМ од Битола.

„Се прашуваме каде е гревот на секој еден родител ако тој е поддржувач или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ? Сигурни сме дека и револтот како родители и кај членови на на СДС е огромен, но силата со која им се закануваат од позиција за власт очигледно ги направи да молчат или јавно да не зборуваат плашејќи се за својата иднина…“

-Притоа би сакале да Ви укажеме зошто поголем дел од родителите се против дигитализација по секоја цена на Мила Царовска а тоа е дека ученикот ќе поминува премногу време на компјутер и таблет! На клупите во училниците нема приклучок за секое дете. Доколку во тек на часот се испразни батеријата на таблетот, ученикот ќе треба да го уклучи во струја, инаку наставникот би требало да му даде нов таблет со полна батерија, кој веројатно ќе го нема. Дали некој од вас се запрашал како ќе се чувствуваат децата од социјално ранливи категории? Велите ќе има фотокопии… дали сме сите еднакви? Не сме! Ова се само мал дел од недостатоците кои ќе се појават со овој ваш штетен концепт кој сакате да го протуркате-, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани