2win800x200

Шо рече

Верскиот празник „Св. Недела“ повторно ги собра на едно место велувци, без оглед на тоа каде сега  живеат, дали во Битола, во државата или во туѓина, во САД, Канада, Австралија, Европа . Дворот на селската црква која се наоѓа во центарот на Велушина спроти некогашниот Дом заживеа  со верниците, кои присуствуваа на свечената црковна литургија , заеднички ручек , музика и пријатна атмосфера каде се разменуваат спомените за Велушина некогаш, кога селото броеше и над  1500 жители. Велувци велат дека доколку би се собрале сите на едно место би биле над 5000 жители.

Предлог законот за СЈО треба да го добиеме и разгледаме, треба да видиме што Заев во спрега со рускоско обвинителството ѝ понуди денес на македонската јавноста, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вечерва е присутен на пролсавата 29 години од формирањето на огранокот во Битола.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска од својата работна посета во САД преку својот фејсбук профил порача дека посветеноста, емпатијата, заедништвото, подадената рака се вредности што треба да се негуваат и развиваат глобално.

„Човештвото има еден дом, независно од кој град сте. Исти потреби, исти цели -заедно до поубави места за живеење“, напиша Петровска на фејсбук.

Таа од 9 до 19 јули престојува во работна посета на САД на покана на Амбасадата на САД во Скопје, како учесник во Мулти-регионалниот проект „Локална дипломатија и глобално ангажирање“ во организација на американскиот Стејт департмент.Целта на студиската посета е црпење искуства за развојот на општините на повеќе полиња, вмрежување меѓу градови и соработката на локалната со централната власта.66859564 1797501390395502 7271628714461364224 n

67177942 1797501467062161 3964534223305441280 n

 

Досегашниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски ќе биде идниот генерален директор на Електрани на Северна Македонија. 

Нудим решенија и ги решаваме проблемите на граѓаните, работиме чесно и одговорно, но за ова периодов помалку се зборува, рече на прес конференција Борче Корлевски од СДСМ, потсетувајќи на  проектите за подобрување на условите во детските градинки во Битола.

Советниците во минатото не гласале за приватизација на Копанки затоа што Советот нема таква надлежност, рече Валентин Груевски, актуелен претседател на општинскиот Совет.

Ова лето за СДСМ ќе биде работно! СДСМ останува да биде секој ден на терен рамо до рамо со граѓаните, да се презентира веќе сработеното, но и да ги слушнеме нивните потреби, се со цел уште позасилено да работиме на реализација на централните и локалните програми, најави Борче Корлевски, портпарол на Општинската организација на СДСМ во Битола.

Факт е дека имавме страшно невреме во Преспанскиот Регион, сите надлежни владини и локални служби се на терен за да се санира состојбата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот увид во Преспа.

„Сите служби се на располагање, расчистени се сите патишта. Владата ќе ги ангажира сите можни капацитети да се проценат штетите, и на земјоделски производи и на објекти, за да видиме колкава штета е направена. Стапивме во контакт со ЕВН за жителите да добијат електрична енергија и да имаат чиста вода за пиење. Треба време да се санираат сите состојби, важно е дека државата заедно со локалната самоуправа е целосно подготвена да помогне”, рече Спасовски.

Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.

Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот. 

Битолчани кои живеат на Бајрот, позади Уредот, во близина на Хајдар Кади Џамија и Ушици утрово околу шест часот се разбудија со лоша миризба на изгорено. 

„Беше ужасно, како некаде нешто да гореше. Лошата миризба не разбуди сите, излеговме на балкон да видиме што гори. Чувството беше како да сме среде пожар. Не можевме да видеме пожар никаде, а воздухот беше замаглен како од чад. И тоа така беше можеби еден час додека се исчисти“, раскажуваат жители од улица „Илинденска“ во близина на Старскиот дом „Сју Рајдер“. 

Децата од Битола некогаш со големо нетрпение чекаа да дојде Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител. Нетрпеливо чекаа зашто на тој празник адет беше да се организира детска маалска свадба, односно да се спроведи на дело обичајот Тајане-Бојане. Од дечињата во улицата се одбираа зет, невеста, свекрва, кум, девер и сватови. Се полнеше ѓумче со вода од три чешми зашто во тоа време сѐ уште функционираа малските чешми. Се закитуваше со цвеќиња. На главите на девојчињата се стваа венчиња од цвеќиња зашто со Иванден од памтивек биле поврзани верувања за моќта на цвеќињата.Секој се облекуваше согласно улогата што ја имаше. 

Советот на Општина Битола донесе одлука за искористување на средства во висина од 7 милиони денари за изградба на пет нови улици во населеното место Долно Оризари, рече советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната прес конференција. Финансиските средства се обезбедени преку грантот за успешност на МСИП. 

Деновиве од печат ќе излезе новата туристичка мапа за Битола за сезоната 2019/2020. Ова е трето издание, првата мапа излезе пред три години, па најновата ќе биде многу побогата и посодржинска. Таа содржи брошура од 32 колор страни плус туристичка мапа печатена двострано во 15.000 примероци и што е најважно, ќе се дистрибуира бесплатно на 50 локации и тоа до мај идната година.

„До крајот на годината очекуваме да ја постигнеме и најголемата стратешка цел што ја имаме зацртано, полноправното наше членство во НАТО Алијансата. Процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите членки оди со одлично темпо. Очекуваме уште 11 ратификации, останатите членки од 29 те тоа го завршија. Кај овие 11 постапката е или почната или е при крај. Дури и во државите кои имаат компликувани од техички  аспект процедури внатрешно таа постапка е поодмината. Можеме и таму да очекуваме, а и се надевеме дека до 4 декември, до Самитот на НАТО закажан во Лондон , Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата баш во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање, рече претседателот Стево Пендаровски во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани